• Latest

Проценка на напредокот на Македонија

May 30, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Проценка на напредокот на Македонија

May 30, 2017 10:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Известители од Комисијата за почитување на обврските и заложбите кои ги преземаат земјите-членки при приемот во Советот на Европа, во текот на денешниот ден и утре ќе бидат во работна посета на Република Македонија.

Европратениците Лисе Кристоферсен од Норвешка и Валериу Гилечи од Романија кои се дел од делегацијата како коизвестувачи на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ), според најавата, треба да се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Уставниот суд, со владини претставници, со лидери на политички групи и со Специјалниот јавен обвинител, како и со претставници на граѓанскиот сектор, меѓу кои и ЦИВИЛ-Центар за слобода, медиуми и меѓународни организации.

Како што најавија од ПССЕ, теми на работната посета на известувачите ќе бидат настаните кои следуваат по парламентарните избори во декември 2016 година, како и генералниот напредок во однос на обврските и заложбите од Советот на Европа.

Делегација на ПССЕ минатата година двапати ја посети Македонија. Тимот предводен од Кристоферсен и Гилечи во февруари 2016 ја поздрави одлуката за спроведување на предвремени парламентарни избори и изразија поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Во април минатата година, при посетата на делегацијата предводена од Стефан Шенах од Австрија, ПССЕ изрази загриженост за влошувањето на политичката состојба во Македонија, откако Иванов донесе одлука да аболицира 56 лица. Тие го поддржаа начинот како се организираа протестите на Шарената револуција, на кои, како што истакнаа во заклучокот од посетата, не беа евидентирани посериозни судири и насилство.

 

М. Теговска 

Tags: делегацијаизбориМедиумиПротестиПССЕСЈОСобраниеСовет на Европа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ