Руски генерал Фанил Сарваров, е убиен во експлозија во Москва, соопштија официјални лица, пренесува Би-би-си.
Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Сарваров починал во понеделник наутро откако експлозивна направа поставена под автомобил детонирала.
Сарваров бил началник на одделот за оперативна обука на вооружените сили, додаде комитетот.
Се вели дека една од теориите што се истражува е вмешаноста на украинските разузнавачки служби. Украина не коментираше.
Истражители се испратени на местото на настанот, наводно на југот на главниот град на Русија.
Руските медиуми објавија дека експлозијата се случила на паркинг во близина на станбена зграда.
Ова е втор случај за само 5 дена високо рангиран руски генерал да биде убиен во експлозија во Москва. Генерал-потполковник Игор Кирилов и неговиот помошник загинаа кога бомба детонирала пред неговиот дом на околу пет милји од Кремљ, соопштија истражителите во Москва.
Атентатот се слуши на помалку од 24 часа откако Украина го обвини дека наредил употреба на хемиско оружје против нејзините сили.
Извор во безбедносната служба на Украина (SBU) изјави за Ројтерс дека нејзини агенти го извршиле атентатот. Неименуваниот извор рече дека Киев го смета Кирилов за воен злосторник и го опиша како „апсолутно легитимна цел“.
















































