• Latest
Маричиќ Руски напад

Маричиќ: Рускиот напад врз Украина е напад и врз европските вредности

February 29, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Маричиќ: Рускиот напад врз Украина е напад и врз европските вредности

February 29, 2024 14:59
in ВЕСТИ, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Маричиќ Руски напад

Бојан Маричиќ, поранешен вицепремиер за европски прашања, конференција „Украина-две години хероизам“ (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

„Веќе две години, херојството и борбеноста на украинската нација го инспирираат слободниот свет односно светот во кој доминираат демократијата и почитувањето на човековите права и слободата. Украина, со својата храброст, со татковинската љубов и за жал со многуте човечки жртви во изминатите две години, претставува светски и историски пример колку е важен, но истовремено и колку е скап, стремежот за слобода, за солидарност и обединување“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на мултимедијалната конференција „Украина – две години хероизам“, во организација на Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ.

 

„Не постои поинаков и поисправен одговор за бруталната воена агресија што ја спроведува тиранијата на Путин, од оној што Украина го дава веќе две години, со поддршка од демократските земји во светот. Рускиот напад врз Украина е напад врз европските вредности и затоа за нас беше едноставен и морален избор да избереме страна и меѓу првите, без задршки и калкулации 100% да се усогласиме со безбдносната и надворешната политика на Европската Унија и НАТО“, додаде Маричиќ.

„Северна Македонија е уште еден пример за важноста да се биде во сојуз како што е НАТО, но истовремено е пример дека нема мали и големи држави, туку има земји и народи кои ги негуваат солидарноста и сојузништвото и ги покажуваат на дело. Македонската нација, од првиот ден, застана заедно со украинската нација и со сите други сојузници во НАТО и во ЕУ, во борбата против агресијата, воените злосторства и непочитувањето на човековото достоинство и меѓународното право“, истакна Маричиќ.

Маричиќ потенцираше дека поддршката за Украина против рускиот напад не може и не смее да се гледа како трошок, туку инвестиција во иднината на една голема и храбра нација, но и инвестиција во нашата сопствена безбедност, стабилност и мир.

„Со отворањето на можностите за забрзана интеграција на Северна Македонија и Албанија, со кандидатскиот статус  и почетокот на преговорите со  Украина и Молдавија и со отворањето на европската перспектица за Грузија, ЕУ покажува дека не е само економски сојуз, туку е сојуз на држави и нации кои споделуваат исти вредности – вредности на мирот, демократијата, солидарноста и меѓусебното почитување.  Војната во Украина е момент на пресвртница во историјата, како што кажа и германскиот премиер Олаф Шолц, и претставува доказ дека немаме време, ниту можности за колебање, како во поглед на евроатлантските интеграции, така и во поглед на целосната и безрезервна поддршка на украинската нација во нејзините стремежи за слобода, сувереност и независност“, истакна Маричиќ.

„Македонскиот народ останува заедно со украинскиот народ на патот до мирот, безбедноста, демократијата и членството во ЕУ. Заедно се бориме, заедно и ќе успееме. Знаеме колку е тешка оваа битка, но знаеме дека сме на вистинската страна и дека на крајот ќе завршиме заедно како победници“, вели тој во своето обраќање.

Б. Ј.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Б. Јордановска

Tags: Бојан МаричиќУкраина -две години хероизамЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ