• Latest

Револуција или Фејсбук мастурбација и семинарски лумперај?

May 17, 2017
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Револуција или Фејсбук мастурбација и семинарски лумперај?

May 17, 2017 13:55
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека ја голтаме токсичната прашина од громогласниот пад на диктатурата, време е да погледнеме кон себе, кои сме, што правевме и што направивме. Новинари, интелектуалци, граѓанско општество… Или фолиранти и мали богаташи? Како кој… Некои со цврст чекор, крената глава и стисната тупаница, го кркаат стапот сите овие години, без очекувања и без барања, а други…

Пишува: Џабир Дерала

Умислени величини, ен-џи-о (НВО) функционери со длабоки џебови и дигнати муцки, кои не знаат колку пари имаат. Ретко кој ги познава, ретко кој видел аир од нив. Никогаш не се конфронтирале со никого. Највозбудливиот дел од денот им е кога на вратата им тропнува поштар. Или ако во пекарницата вовеле интегрален кроасан. Своето еднолично, здодевно и малограѓанско секојдневие најлесно им е да го разбијат со некој став за етнички теми и така да ги откријат своите предрасуди и прикриен национализам. Да најдат „разбирање донекаде“ за постапки после кои во нормални општества се оди во политичка или академска пензија. Или в затвор.

Нивната револуција се сведува на Фејсбук мастурбација и семинарски лумперај. Повеќето од нив имаат фобија од Твитер. Немаат намера да го прифатат технолошкиот напредок, освен ако не е дел од нивната нова кола или апарат за домаќинството.

Нема да направат ништо, нема збор да изустат, ако тоа не е дел од мрсно платен проект. Не ни можат да ја согледаат диктатурата со сите нејзини димензии, бидејќи тие би можеле да функционираат добро во дел од нејзините аспекти. Некои до вчера добро соработуваа со мафијата. „Што да правиш, во нивни раце се институциите, мора да се соработува со нив.“

Онакви, заоблени и остарени, наколкани со евра и долари од обилните дојки на донаторите, среќни се ако никој не ги спомне. Кружат како врани по дипломатски приеми. Го кажуваат тоа што другите сакаат да го слушнат. Немаат свое јас и не сакаат да го имаат. Фрустрирани, квази-интелектуални сеништа, со замастени мозоци…

А кога ќе си одат донаторите, прва станица им е удобна фотелја во влада, општина или јавно претпријатие. Од која повторно ништо нема да направат, туку само ќе станат уште поневидливи.

Чест на прекрасните исклучоци, кои ќе бидат запаметени, но и истиснати.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Tags: демократијаопортунизамреволуцијасеминарфејсбукчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ