• Latest

Изборните саботажи на ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемијата

November 21, 2020

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Изборните саботажи на ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемијата

November 21, 2020 15:32
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ оди на избори во Штип и во Пласница по секоја цена, загрозувајќи го јавното здравје. Но токму оваа партија, за време на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на  15 јули годинава, водеше кампања со собири не почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот.

пишува: Биљана Јордановска

По воведување на кризна состојба во траење од 30 дена од Владата на Северна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ веднаш најде нова причина за обвинување. Овој пат, обвинувањата се повеќе на сметка на министерот за здравство, Венко Филипче, барајќи и негова оставка, отколку „традиционалните“ барања за оставка на Зоран Заев.

Контекстот се предвремените локални избори во Штип и Пласница во време на зголемен број на заболени од Ковид-19 и нивното спроведување во рамки на кризната состојба.

„И додека прогласија кризна состојба која ќе трае 30 дена, Заев, а и Филипче со него ќе тераат избори во Штип и Пласница. А само во Штип за последното денононоќие има 32 нови случаи на корона вирус“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ излезе со одговор посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не е компетентна да коментира или обвинува со оглед на тоа дека ниту еднаш не покажала конструктивност, туку е во постојан обид политички да профитира, а и да ги злоупотребува починатите и нивните најблиски.

„За Владата предводена од СДСМ приоритет е заштита на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија, затоа воведе 30-дневна кризна состојба на територијата на целата држава за да ги мобилизира сите капацитети за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на заразата со коронавирусот“ – гласеше одговорот од СДСМ.

Според владејачката СДСМ, напротив, ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронавирусот се однесува деструктивно, ги поткопува сите напори на здравствениот систем и на институциите за справување со кризата, во очајни обиди политички да профитира ги злоупотребува починатите и нивните најблиски и бара оставки.

„ВМРО-ДПМНЕ преку својот висок функционер Вело Марковски, кој смета дека Ковид-19 е некаков безопасен вирус, па дури и дека не треба да се носат маски, свесно поттикнува на непочитување на мерките, кои масовно се прекршуваа и на нивните собири. ВМРО-ДПМНЕ ги саботира сите мерки и напори за спречување на ширењето на вирусот. Мицкоски е неодговорен и незрел политичар опасен по здравјето на граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, велат од СДСМ.

Токму ВМРО-ДПМНЕ за време на предвремените парламентарни избори на  15 јули водеше кампања со собири не почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот. Таков пример е собирот во Неготино и Кавадарци, на 26 јуни 2020 каде се гледа дека воопшто не се почитуваа мерките за заштита од Ковид-19, а присутните воопшто не одржуваа потребно растојание.

Фотографија објавена на Фејсбук групата „Ковид ѕид на срамот“, Неготино, митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 26 јуни 2020

ВМРО-ДПМНЕ „возеше“ протести со луксузни автомобили против поскапувањето на струјата, за правда и слобода, но и за празникот што го воведоа за време на режимот, Денот на револуционерната борба, истовремено „водејќи сметка“ за загадувањето.

Или, како што во својата колумна, напиша Џабир Дерала:

„Вмровците се во право кога протестираат со коли „за да биде помасовно“, како што напишаа во една своја внатрешна комуникација. Се работи за супер лускузни лимузини и спортски аутца, кои не го загадуваат воздухот, за разлика од онаа ситна автомобилска боранија во која се вози обичната раја.“

Протест на ВМРО-ДПМНЕ со луксузни автомобили

Нивните пратеници го кочеа изгласувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, за на крај „загрижени“ за јавното здравје се откажаа од изборите во Штип и Пласница.

ВМРО-ДПМНЕ беа и единствените што се „радуваа“ на бугарското вето и обвинуваа за “распродавање на македонскиот идентитет”, само „попатно“ кочејќи го процесот на евроинтеграциите на земјата.

Tags: ВМРО-ДПМНЕизбориКОВИД-19кризна состојбасаботажиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ