• Latest

Шајноски: Поголем проблем од политичката е економската криза!

February 17, 2017

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шајноски: Поголем проблем од политичката е економската криза!

February 17, 2017 15:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Власта успеа да ги уништи сите лостови на пазарната економија, со цел да обезбеди лични и партиски бенефити“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, економскиот експерт, д-р Крсте Шајноски, според кого, политичката криза којашто во Македонија и предолго трае, е само рефлексија на економската криза. Тој смета дека политичка криза немаше ниту да се случи, доколку економијата се движеше во посакуваната насока во изминатава деценија од владеењето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Власта успеа да ги уништи сите лостови на пазарната економија, со цел да обезбеди лични и партиски бенефити. Комплетно е уништен  механизмот на создавање нови вредности, што се темели врз слободно претприемништво и конкуренција. А, популистичките мерки и активности на Владата удрија во таван! Трошоците се толку зголемени, така што тешко се доаѓа до средства за нивно натамошно финансирање. Каматите се сѐ повисоки, а сосема е извесно дека со секое ново позајмување ќе бидат уште поголеми. Надворешниот долг притиска уште повеќе. Девизното долгорочно задолжување на државата на домашниот пазар на капитал, уште повеќе ги влошува состојбите. И покрај огромните задолжувања последниве три години, девизните резерви на земјата се бетонираа на ниво од 2,2 милијарди евра, а бруто надворешниот долг порасна од 6 на 7,5 милијарди евра. Проблем е што  стагнацијата на девизните резерви и порастот на бруто надворешниот долг  ги влошуваат  условите  за сервисирање на  вкупниот надворешен долг“, оценува универзитетскиот професор Шајноски.

Покрај проблемите со задолженоста, како што вели Шајноски, состојбата се влошува и со фијаското на главниот владин мотор на развојот – странските директни инвестиции.

„Нивните ефекти не се почувствуваа, ниту во динамиката на економскиот раст, ниту во извозот. Да не зборуваме за платите на вработените. Kако паѓаше довербата во државата, така се намалуваше и процентот на уделот на работниците во БДП. Во 2000-та година уделот на работниците изнесувал 43% од БДП, а во 2013 година само 32 отсто! Наспроти тоа, уделот на сопствениците на капитал се зголемил од 23% на 38 отсто“, вели во својата анализа за ЦИВИЛ Медиа, д-р Шајноски.

Без реформи со кои ќе се врати функционалноста на пазарната економија, смета овој економски експерт, невозможна мисија е излегувањето од економската криза.

„Мора да се изгради модел на рамнотежа на  улогата на пазарот и државата во регулирањето на економските текови. Промените мора да бидат во насока, бизнисот да се ослободи од стегите на државата (рекетирања, неразумни казни, уцени) и да се сврти кон создавање поголем профит преку зголемување на производството и извозот, без страв дека некој силеџиски ќе му го преземе бизнисот“, вели д-р Шајновски.

Инаку, ЕУ прогнозираше економскиот раст во Македонија годинава да достигне до 3,2 отсто. Овие оценки секако се темалат на претпоставките дека Македонија по изборите ќе успее да формира стабилна влада, а не продлабочена политичка криза, и два месеца по изборите, без сигурни најави дека ќе има воопшто коалициона влада.

Моника Талеска

Tags: БДПВМРО-ДПМНЕДУИекономска кризаекономски растекономски реформиКрсте Шајноскинова владаполитичка криза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ