• Latest

Ширењето омраза и лаги мора да престане веднаш!

August 14, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ширењето омраза и лаги мора да престане веднаш!

August 14, 2017 17:50
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во денови кога екстремизмот, расизмот и национализмот добиваат жестоки осуди во целиот свет, опозициската ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе ги изразува своите ксенофобични ставови, со цел да предизвика паника и страв меѓу граѓанките и граѓаните пред локалните избори.

Овој пат на Фејсбук групата Аеродром во моето срце е објавена фотографија од бегалци, со текст дека СДСМ по преземањето на локалната власт во Општината, на нејзината територија планира изградба на бегалски камп!

Јасмина Голубовска, од невладината организација „Легис“ за ЦИВИЛ Медиа изјави дека последните случувања во врска со бегалската криза и зголемената ксенофобија и страв кај населението, ги предизвикува опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што започна активна кампања пред локалните избори, да ги злоупотреби бегалците како предмет за манипулација со граѓаните.

„Пред сè, станува збор за населби, каде за жал, постои поголема концентрираност на омраза, без разлика дали станува збор за бегалската криза која што се актуелизира од ВМРО-ДПМНЕ, или пак, станува збор за етнички прашања во државата, некако секогаш, населбата ‘Аеродром’ била место каде се ширеле страв, ксенофобија, омраза и насилство, заради непроверени информации коишто ги шири оваа партија. Тоа започна со собраниската седница којашто ја организираше Влатко Ѓорчев, пред недела и половина, која ја искористи како шанса да разговара за нешто што нема никаква правна важност, ниту пак е во сила, ниту пак е усвоено, односно се разгледува од невладините организации, на предлог на Министерството за труд и социјална работа“, вели Голубовска.

Јасмина Голубовска, ЛЕГИС

Според неа, она што недостасува е казна за ваквото однесување на парламентарците, кои не само што ја злоупотребуваат својата функција како пратеници и претставници на граѓаните, туку и самите комисии каде што имаат функција на претседател, како што е случајот со Ѓорчев и Комисијата за труд и социјална политика,

„Пред сè, го повикувам претседателот на Собранието, Талат Џафери, да преземе мерки за прекршувањето на Деловникот по овие прашања, како и злоупотребата на овие теми во парламентарниот дом. Што се однесува до јавноста, ги замолувам да останат трезвени и побудно да ги следат овие информации, затоа што следуваат локалните избори, а бегалците очигледно, за една политичка партија, во случајов, ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат обид за дефокусирање“, изјави Голубовска.

Минатата недела, ваква пропаганда ширеше и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, која на својата Фејсбук страница објави фотомонтажа на деца-мигранти во муслиманска облека и девојчиња со шамии, а над фотографијата испишан текст: „Еден училишен ден по доселување на мигранти. Ќе дозволиш ли вака да изгледа идното образование“.

ЦИВИЛ – Центар за слобода жестоко го осудува секој израз на говор на омраза, национализам, расизам и ксенофобија и ги повикува институциите решително да се справат со ваквите екстремистички групи.

Истовремено, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да не наседнуваат на ваквата националистичка пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ и информациите кои доаѓаат во врска со мигрантите и бегалската криза, да ги примаат со оргомна резерва и трезвеност.

ЦИВИЛ Медиа, денеска, излезе на улиците низ Скопје и разговараше со граѓанките и граѓаните за бегалците.

На прашањето дали се плашат од бегалците тие велат дека „и бегалците се луѓе, избегани од маки…“. Еден од соговорниците вели: „Бегалците и албанската Платформа се само реклама на опозицијата, сè е тоа лук и вода, каде е сега албанската Платформа? Тоа се само игри без граници на опозицијата, за да го плашат народот пред локалните избори, за да можат да нè мафтосуваат и да крадат!“

Маја Ивановска

Tags: АеродромбегалциВМРО-ДПМНЕксенофобијалокални избориманипулациинасилствоомразарасизамцрна кампања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ