• Latest

Што и колку направи ЦИВИЛ во текот на четиримесечниот мониторинг на изборниот процес?

May 20, 2024

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Што и колку направи ЦИВИЛ во текот на четиримесечниот мониторинг на изборниот процес?

May 20, 2024 11:28
in АНАЛИЗИ, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НАЗМИ АБДУРАХМАНИ

ЦИВИЛ МЕДИА, една од најпознатите медиумски платформи во Северна Македонија како медиум постои од 2009 година. Формирана во доба на медиумски мрак и заробување на државата, оваа медиумска платформа ѝ даде голема видливост на својата матична организација ЦИВИЛ – Центар за слобода (формиран во 1999 година), и посведочи на растењето и трансформациите на организацијата.

ЦИВИЛ МЕДИА од самиот почеток му даде голем и автентичен простор на граѓанскиот сектор, каде што јавноста можеше да добие брзи и навремени информации за динамичниот граѓански активизам, бескомпромисната заложба за човековите права и слободи, за граѓанскиот отпор против авторитарниот режим, Шарената револуција, мултикултурализмот, и демократскиот дискурс на земјата од 2017 година наваму.

Воедно, медиумската платформа на ЦИВИЛ беше слободен медиумски простор за исклучително квалитетни анализи по сите клучни теми и прашања на општеството и на главните политички текови во земјата и во светот. Раѓањето на ЦИВИЛ МЕДИА речиси кореспондира и со почетокот на изборниот мониторинг што го спроведува организацијата од 2008 година. Со тие и низа други области на покривање, преку успешна комбинација и прилагодување на високостручните содржини до широката публика. Така, ЦИВИЛ покажа дека тинк-тенк организација може да биде достапна и отворена за сите, а не само за мал круг на луѓе, што обезбеди простор за учество на голем број луѓе во демократските процеси и општествените промени.

Тоа е медиумска платформа што обединува динамичен блок за дневни вести со богата рубрика за опинион и извонредни извештаи и анализи за изборни и општествено политички процеси и настани во земјата. Сепак, има неколку области кои ретко која медиумска платформа ги покрива со изворен сензибилитет, знаење и искуство. Тоа се, покрај наведените теми и области, дезинформациите и хибридните закани, руската воена агресија против Украина и други воено безбедносни кризи, како што се војната на Израел во Газа и немирите во Грузија, како и темите за мултикултура и односите меѓу заедниците, а не треба да се изостават и областите како контрола на оружјето, циркуларната економија, зелената агенда и низа други.

„Украина – две години хероизам“ – голема мултимедијална конференција на ЦИВИЛ во Скопје

Повод за овој осврт кон работата и функционирањето на медиумската платформа на ЦИВИЛ е продукцијата за време на изборниот процес во земјата, поточно, од гласањето на техничката влада на 28 јануари до средината на мај.

Познато е и дека мониторингот на ЦИВИЛ продолжува и по изборите до целосно конституирање на новиот состав на парламентот, а потоа и формирањето на владата, по што ќе следи конечен и сеопфатен извештај, анализи и препораки од овој извонредно динамичен и значаен изборен процес.

Прес-студио на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ МЕДИА од крајот на јануари до средината на мај објави повеќе од 600 медиумски содржини, повеќето авторски текстови, за политичкиот живот и изборите во целина. Почнувајќи од изборот на техничката влада со премиерот Талат Џафери па сè до двојните избори, претседателски и парламентарни.

Во овој период ЦИВИЛ МЕДИА обелодени голем број случаи со дезинформации пласирани во медиумите и на социјалните мрежи. Дури 160 авторски текстови се објавени на овие теми за четири месеци.

ЦИВИЛ МЕДИА, со нивната историја на објективност и критички пристап кон разни општествени проблеми, го поставија стандардот за неприкосновеност во областа на аналитичкото новинарство. Нивните извештаи и анализи се карактеризираат со деталност, пристапност и објективност, што ги прави ценети извори на информации за многумина, како во земјата, така и во регионот и светот. Во оваа рубрика, ЦИВИЛ МЕДИА во овие четири месеци објавува 116 анализи, посветени на домашните политички и општествени прашања, но и на крупните меѓународни настани, конфликти и појави во светот.

Една од анализите што го привлече вниманието на потписникот на овие редови на самиот почеток од споменатиот период, е истражувањето Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки во дворот на две училишта во Кочани. Во радиус од само дваесетина метри, се вели во истражувањето, се забележани десетици симболи на нацизмот, неонацизмот и други екстремистички пораки, во амбиент во кој секојдневно има деца и млади.

Токму ова истражување може да послужи како илустрација за ефектот од работата на оваа медиумска платформа, резултираше со отстранување на дел од нацистичките симболи и пораки. Се разбира, останува отворено прашањето и за институционална и општествена акција по овие и ваквите истражувања. Во секој случај, очигледно е дека се потребни вакви истражувања, извештаи и анализи што придонесуваат кон општо сензибилизирање на јавноста.

Во рубриката Едукација има плејада текстови и видеа за ова тема почнувајќи од анализите на тимот предводен од главниот уредник Џабир Дерала, до кратки едукативни текстови со дефиниции на важни поими поврзани со медиумската писменост и гласачката култура. Меѓу анализите, освен оние од врвни експерти и универзитетски професори, може да се издвојат и две анализи од млади авторки, чии текстови точно лоцираат каде младите се најранливи.

Насловите се прилично илустративни, но треба да се прочитаат и самите текстови: „Информација или манипулација: Новата опасност која ги демне младите“ од Марија Тодоровска и „Колку поглупава е една лажна вест, толку побрзо и подалеку патува“ од Блерина Тахири. Понатаму, тука се и кратките едукативни видео и текстуални прилози како: Хибридно војување, Пропаганда, што е тоа?, Што е говор на омраза?, Што е ТРОЛ армија? Дипфејк, Потекло на зборот дезинформација. И тоа не е крај на едукацијата. ЦИВИЛ отвори и Дигитална библиотека во која се поместени повеќе интересни онлајн книги и публикации што се корисни за секој заинтересиран и активен граѓанин или граѓанка. Споменатите наслови се објавени во едукативната брошура „Ослободи го умот“ на македонски, албански и ромски.

ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација ги мониторира изборите од 2008 година, а и за оваа тема има објавено корисни едукативни текстови како: Што е гласачко ливче?, Што е изборен материјал, Што е изборна кампања?, Што е избирачки список?, Сѐ што треба да знаете за изборниот процес, правото на глас и дезинформациите и низа други.

ЦИВИЛ спроведува долгорочен мониторинг на изборните процеси во земјата од 2008 година. Како и во претходните години, по Пржинскиот договор, дел од мониторингот на ЦИВИЛ се состои и во надзор на работата на техничката влада, чиј состав оваа година беше изгласан во парламентот на 28 јануари.

Во тој период, како да не беше доволно сè друго што направија за време на изборниот процес, ЦИВИЛ-ите ја лансираа веб страницата ГЛАСАЈ. На оваа веб страница се објавуваа текстови и видео содржини за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество во изборните процеси, како и релевантни вести и проверени информации за изборите и линкови до официјални извори.

ЦИВИЛ МЕДИА само во текот на овие четири месеци продуцира 25 големи видео интервјуа, и објави 235 изјави во текстуален и видео формат, или видео продукција од 137.

Во рубриката со привлечен назив, Политички океј корал, како и општата рубрика Политика, ЦИВИЛ МЕДИА од февруари до средината на мај 842 текстови поврзани со политичкиот живот на земјата, пред и по изборите.

Тука секако се и 163 колумни на познати и релевантни авторки и автори кои пишуваа за ЦИВИЛ. Секој од нив, на различен начин придонесоа кон јакнење на јавната свест.

Како специјализирана медиумска платформа, ЦИВИЛ објави 16 извештаи за говорот на омраза во медиумите и социјалните мрежи. Понатаму, објави и повеќе од 110 видео содржини на својот ЈутубКанал, како и 16 директни вклучувања во живо од Прес центарот на организацијата, вклучително и 8 на самите денови на гласањето. Сите прес конференции што ги одржа ЦИВИЛ оваа година беа на македонски и албански. Интересот на медиумите за овие содржини беше голем што се гледа од големиот број споделени содржини, линкови и видео содржини во другите медиуми, како и гостувања во радио и ТВ емисии, како МРТВ 1 и 2, Алсат-М, Клан, Слободна ТВ и други.

ЦИВИЛ беше една од адресите на кои се обраќаа дел од домашните и странските набљудувачки мисии, како и странските новинарски куќи, за да добијат релевантни и детални информации за изборниот процес во земјата.

И сето тоа за четири месеци. И веројатно тоа не е сè. Во овој осврт се користени само онлајн ресурсите со „потписот“ на ЦИВИЛ. Теренските активности на организацијата овде не се опфатени.

Како еден од најновите членови на тимот, Авторот на овие редови сметаше дека е важно јавноста да добие увид во тоа што и колку придонесе ЦИВИЛ во овој период. Редакцијата скромно се заблагодари и се согласи со овој потфат.
Tags: „избори“претседателски и парламентарни избориЦивил Медиа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ