Со влезот во НАТО, Македонија доби сигурност и неповредливост на границите, што е особено важно во време кога целиот свет гледа како интегритетот и целовитоста на една Украина е загрозен од руската инвазија.
Со почетокот на преговорите нашата држава доби пристап до поголеми ЕУ фондови, дополнително ќе инкасира 80 милиони евра од ЕУ за помош во енергетиката и ќе влезе на заедничкиот пазар за енергенси.
Поради членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ, во последните месеци зачестија странските инвестиции во државата, а фирми со странски капитал доминантно се отвораат во енергетскиот сектор.
За разлика од тоа, освен лажните вести, фејк профилите на социјалните мрежи, јавноста ништо друго не гледа од Русија за која толку се залага Димитар Апасиев, па понекогаш и неговиот партнер Христијан Мицкоски.
Јавноста се уште не гледа што освен конфликт и поделби е контра понудата на Апасиев, Мицкоски и Русија за сигурноста и реформите што ни ги носат ЕУ и НАТО.