• Latest

„Синергија“ со 1.737 набљудувачи или агитатори?!

October 6, 2017
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Синергија“ со 1.737 набљудувачи или агитатори?!

October 6, 2017 13:47
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за хуманитарни активности „Синергија“, како предводник на коалицијата од 93 невладини организации „Излези да гласаш“, на 23 септември објави јавен повик за волонтери и набљудувачи за Локалните избори 2017.

Државната изборна комисија ја акредитираше „Синергија“ со вкупно 1.737 набљудувачи, а бројката на волонтери од вкупниот број акредитирани новинари не е позната.

Во своето портфолио, „Синергија“ досега има впишано над 3.000 набљудувачи на Локалните избори 2013 година и дури 5.000 набљудувачи и волонтери на изборите во 2014 година.

Условите за аплицирање на повикот за набљудувачи на овие избори, беа претходно искуство во набљудување и непристрасност во следењето и  информирањето за изборниот процес.

Во меѓувреме, меѓу изборните циклуси, не е баш најјасно што работи коалицијата. „Синергија“ води проекти вон изборниот контекст?

Како изненадување, оваа година, без логично објаснување и со набљудувачи што не беа баш сигурни што набљудуваат за „1.000 денари дневница, кој ти дава?“, на референдумот во Босилово, се појавија набљудувачите на Центар за европска младина (ЦЕМ) од Радовиш. За појаснување, ЦЕМ е дел од „Излези да гласаш“.

Но, да се вратиме на „Синергија“. За парламентарните избори 2014 беше спорно нивното финансирање. Ако „Синергија“ барем за два проекта беше финансирана од Владата, а тогаш, не се знаеше кој ја финансира „Излези да гласаш“, останува прашањето кои се донаторите, дали се работи за самофинансирање и каде им се извештаите? Ако не ги должат на донаторите, тогаш им ги должат на граѓанките и граѓаните, па и на сите инволвирани страни во изборните процеси. Или, доволно е дека изборите се регуларни и мирни и фер, и нормално, демократски?

Ако се разгледа веб-страницата на „Синергија“, ќе се забележи дека архивата за избори не оди подалеку од 2013, а „богатството“ од информации се состои од јавен повик и прес-конференција за најава на мониторингот во 2016 и од линкови што не функционираат – за набљудувањето во 2014 и пристојни извештаи од денот на гласање, во стилот на ДИК и на „Мост“, за изборите во 2013.

Не дека некој се обидува да го поткопа нивното легитимно, одобрено од ДИК, постоење во набљудувачкиот процес. Но, да потсетиме дека ЦИВИЛ се сметаат за релевантни и транспарентни во мониторингот на изборите, со специфична методологија што опфаќа повеќе сегменти од  избирачкиот процес, што во Македонија е процес што трае во континуитет.

„Мост“ се со истата методологија од 2002, но барем се знае како набљудуваат, кој ги финансира, колку се релевантни… „Синергија“, пак, ако ништо друго, треба да ги обучи своите набљудувачи дека агитирање и мониторирање не одат рака под рака, и барем да им каже за кого „работат“  и за кого „треба да работат“ во очите на јавноста.

Во еден од своите рафали, Џабир Дерала направи осврт на изборното набљудување, поставувајќи го клучното прашање за легитимноста и транспарентноста  на оние што добиваат преодна оценка за набљудување. Промени да, но кон што и за кого?

„Штипската ‘Синергија’ е само една од гротеските на граѓанското општество на кое ќе му треба многу време да оздрави од партиско-полициските вируси. Принципот на инклузивност кој го промовира новата Влада е за поздравување, но дали оние што директно учествувале во изборните манипулации и кражби, треба да ги седнеме на масата каде се носат одлуки за изборните процеси? Јас го знам одговорот, а вие?“, пишува Дерала во својот „Рафал“.

Изборната кампања е во тек. Сивата зона во која се движат учесниците во локалните избори е како затишје пред бура. Насилството, вандализмот, па и говорот на омраза се тука. А, промените во водењето на изборите? Ако промената на член во ДИК, отворените седници, обидите за почитување на рамките на Планот 3-6-9 се доволни, тогаш можеме веднаш да ги оцениме локалните избори за фер, демократски и кредибилни. Но, кршењето штабови, злоупотребата на деца во кампањата, изборното насилство, говорот на омраза, фантомските гласачи… Продолжете ја низата на „неспорни“, но не доволно влијателни фактори за „успешни“ избори.

„Синергија“ сигурно ќе ве убедува дека и оваа низа на нерегуларности е предолга и дефинитивно нерелевантна.

Нормално, ако ја удостојат јавноста со Извештај од мониторингот на Локални избори 2017.

Биљана Јордановска

Tags: ДИКизборинабљудувањенабљудувачиСинергијаЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ