Системот „Безбеден град“ од вчера пробно функционира во Скопје и веднаш регистрира неверојатни 65.000 сообраќајни прекршоци – од кои 2.800 минувања на црвено светло и 1.000 нерегистрирани возила.
Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот, сите прекршоци документирани со камери, сензори и уреди за снимање се валиден доказ. МВР најавува нулта толеранција – важи и во и надвор од населено место.
Во пробниот период се следат брзо возење, поминувае на црвено светло, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Потоа ќе се прошири листата на прекршоци што ги детектира системот.
Сопствениците на возила ќе добиваат СМС и мејл со линк до записник и платен налог. Ако платат во рок од 8 дена – глобата е преполовена. По истекот на рокот, се плаќа целата глоба и трошоци.
Странците и наши граѓани кои заминуваат во странство мора да платат глоба во рок од 8 дена. Неплатените глоби одат на извршители.
Глобите ќе може да се платат електронски преку линк, а МВР веднаш добива потврда дека се уплатени.
Фото: Д.М. / ЦИВИЛ
















































