Алијансата за Албанците останува во владината коалиција, а за новиот министер за здравство ќе се одлучи на партиските органи. „Ќе поставиме човек којшто ќе ни го обели образот како што беше Арбен Таравари“, изјави лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.
Во емисија на телевизија Алсат – М, Села истакна дека ја застапува идејата министер за здравство повторно да биде доктор.
„Имаме доволно кадри, не само за Министерството за здравство, туку за секое министерство кадешто има потреба. Името на новиот министер треба да се дискутира во раководството на партијата. Јас сум за идејата да биде доктор“, рече Села.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.