ЦИВИЛ – Центар за слобода го пролонгираше регионалниот семинар за граѓанско новинарство за 22-ри и 23-ти април, во хотелот „Сити Парк“ во Скопје, со почеток во 11 часот, во саботата. Право на учество имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од Скопје, но и од Гостивар, Тетово, Куманово, Крива Паланка и околните општини.
Со поместување на викендот, ЦИВИЛ остава простор за повеќе заинтересирани граѓанки и граѓани да бидат дел од големото семејство од над 300 граѓански новинар(к)и, кои во досегашните пет регионални семинари за граѓанско новинарство, се стекнаа со теоретски и практични вештини за граѓанскиот активизам, онлајн активизмот и новинарското истражување.
Сите што се заинтересирани за учество во семинарот можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот на компјутер или на мобилен, што одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса на [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.
За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, или да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen Journalists.
Стартувај денеска!
Тоа е повикот со кој ЦИВИЛ ги охрабрува сите граѓанки и граѓани активно да се вклучат во објективното и навременото информирање од лице место, прикажувајќи ја вистинската слика на политичката состојба, без шминка и цензура.
Сите што имаат фото или видео сторија која сакаат да ја споделат со јавноста анонимно, токму овој проект е слободниот, нецезуриран простор за тоа. Секој што има смарт телефон може да биде граѓански новинар!