Рокот во кој на судиите требаше да одлучат за мерките за обезбедување помина синоќа, но Кривичниот суд не изрече мерка притвор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски, за ексминистерите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кои од Специјалното јавно обвинителство беа обвините за тешки кривични дела, поврзани низ случаите „Титаник“, „Таргет“ и „Тврдина“.
Основниот суд Скопје 1, кој претходните два дена одлучуваше по барањата на СЈО во однос на поднесените нови 17 обвиненија за 18 кривични предмети, не ги прифати барањата на Обвинителство, да изрече мерки мерки притвор за голем број обвинети ексфункционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни соработници.
СЈО најави дека во понеделник ќе ги обжали одлуките на Судот.
Откако ќе истече рокот за жалби од три дена, на потег е Апелацискиот суд.