• Latest

Собир против аерозагадувањето

April 22, 2017

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Собир против аерозагадувањето

April 22, 2017 12:22
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на планетата Земја (22 април), граѓанската иницијатива „О2 Коалиција за чист воздух“, го одбележа со спонтан собир во борбата против загадениот воздух. Собирот започна во 12 часот, пред „Школка“ во Градскиот парк во Скопје.

Како што информираат од „О2 Коалицијата“, целта на иницијативата е „заеднички да се избориме да го добиеме тоа што ни е загарантирано со Уставот, а тоа е – здрава и чиста животна средина“.

На собирот се  зборуваше за граѓанскиот активизам и за последиците од загадениот воздух. За најмладите учесници на собирот имаше и детско катче, а собирот ќе заврши со заедничка акција за чистење на паркот.

„Во Македонија веќе одамна не се посветува речиси никакво внимание на животната средина. Според последните податоци, најголем еколошки стресор/хазард во Скопје е аерозагадувањето… При процена на оптовареноста со заболувања, предизвикани од високи концентрации на PM2,5, според пресметките на Институтот за јавно здравје, во услови на просечни годишни концентрации од 48,4 μg/m3 PM2,5 во 2012 година се изгубени 4.174 години живот кај граѓаните на Скопје (82/10.000 жители), како резултат на смртност од рак на белите дробови“, истакнаа иницијаторите во најавата на протестот, цитирајќи ја „Стратегијата за климатски промени на Градот Скопје“.

Собирот е поддржан и од Здружението за заштита на животни и животна средина „Е.Д.Е.Н.“ и Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Текст и фото: Марија Теговска

 

Tags: животна срединазагаден воздухиницијативаО2 Коалиција за чист воздухПротест
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ