• Latest

Соголување на грдата македонска политичка реалност

July 11, 2016

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Соголување на грдата македонска политичка реалност

July 11, 2016 14:09
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ во издание на ЦИВИЛ – Центар за слобода е специјално тријазично издание на македонски, албански и англиски јазик за едногодишната напорна работа на проектниот тим, известувачите и набљудувачите од теренот на ЦИВИЛ, како и на врвни експерти од Македонија, Хрватска и САД, сублимирани во 180 страници извештаи и анализи, за стотиците активности кои беа составен дел на проектот „Слободни избори за  слободни граѓанки и граѓани“ (Free Elections for Free Citizens”), спроведен во периодот јуни 2015 – јуни 2016.

Иако слободните избори се дел од секојдневието на граѓан(к)ите во цивилизираните држави, грдата слика на македонската политичка сцена и десетгодишното безаконие кое прерасна во тотален колапс на правната држава и во хоророт на киднапираните институции на централно и на локално ниво (како од ВМРО-ДПМНЕ, така, со поделбата на колачот, и од нивниот тендер-партнер и послушник – ДУИ) и се заканува да ја турне Македонија во безумие кое ќе го загрози и нејзиниот опстанок како држава, неминовно бараше од цивилниот сектор – дијагностицирање на состојбите и обид да се пронајдат, посочат на јавноста и правилно употребат „лутите иљачи за лутите рани“.

Македонија е инфицирана држава на која и е неопходно долготрајно про-демократско лекување и мачна, но неминовна детоксикација на цела деценија труената јавност од диригираните медиуми, нивните алчни сопственици и предавниците на новинарската професија. Затоа, ЦИВИЛ се зафати со одговорната но благодарната задача: да даде свој придонес во ослободувањето на македонското клиентелистичко и масимално партизирано општество и на вџашените од страв, граѓанки и граѓани, преку мултидисциплинарен пристап во создавањето клима за овозможување на слободни, фер и демократски избори во кои ќе се почитува волјата на граѓаните.

bomb 1

Во текот на проектот, во ЦИВИЛ пристигнаа над сто извештаи од долгорочните набљудувачи, над 300 пријави и пораки од граѓан(к)и, преку електронска пошта, социјални мрежи или преку он-лајн формуларот за пријави на кршење на гласачкото право или на други злоупотреби, а над 600 граѓани во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ, посочија примери на директен притисок и дискриминација врз основ на политичка афилијација! Проектот и публикацијата, преставуваат разобличување на лагите и соголување „до коска“ на во стиропорен барок маскираната недемократска власт, која бескрупулозно ги користи сите средства да ја злоупотребува позициите и моќта стекнати на наместени избори, безмилосно да ги арчи парите на граѓаните, загрозувајќи ја иднината на следните поколенија, и сурово да се пресметува со сите инакумислечки, создавајќи непријатели, предавници и шпиони во сите сфери на општеството, за да се дефокусира јавноста од стрмоглавувањето на Македонија на политички, меѓуетнички и на економски план.

Анализите и извештаите на стручњаците од експертскиот тим на ЦИВИЛ од Македонија – д-р Сашо Орданоски, Сандра Гавриловска, Џабир Дерала, Горан Наумовски, Петрит Сарачини, од Хрватска – Александра Јозиќ–Илековиќ и Драган Зелиќ (ГОНГ), и на специјалната советничка од САД Хедер Роберсон Гастон, се засновани на стотиците страници материјали изработени од проектниот тим, соработниците, набљудувачките тимови, во кои секојдневно, посветено и самопрегорно, активно работеа педесеттина членови, како и на текстовите, фотографиите и на преку 150-те продуцирани видео-материјали (интервјуа, изјави на релевантни соговорници, анкети со граѓани, репортажи, прилози…) на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа – од лице место, на терен, ширум Македонија.

Како посебен прилог на тријазичната публикација е подготвено и ДВД на кое се поместени дел од содржините кои го обележаа проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, а кои предзвикаа значителен интерес на македонската и на пошироката јавност, на странските дипломати и на домашните и странски организации за заштита на човекови права ислободи.

Публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ е тажна приказна за дереџето до кое кутрата Македонија ја дотурка актуелниот режим на Никола Груевски и Фамилијата. Но, не убивајте го гласникот!

ЦИВИЛ – Центар за слобода само ја прикажа во вистинска светлина македонската реалност, соголувајќи ги напластените лаги, низ бројни примери, чии директни извори се онеправданите граѓан(к)и. Публикацијата е неизбежна лектира за сите оние кои се уште веруваат дека Македонија може да се врати на вистинскиот пат и дека следните генерации кои ќе (пре)останат да живеат во неа, ќе ја вратат гордоста и нема да се срамат од она што (им) се случува и што ги опкружува.

Синиша Станковиќ,

уредник на ЦИВИЛ Медиа

 

Tags: избориМакедонијапроектПубликацијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ