Делегацијата од косовскиот Институт за локална самоуправа, предводена од извршниот директор Бесник Мучај, денеска во Министерството за локална самоуправа беше применa од министерот Сухејл Фазлиу и вработените во овој владин оддел.
Посетата, како и претходните години, има за цел да се споделат добрите искуства за градење на вистински демократски вредности на општеството од двете земји, придонесувајќи за подобрување на стандардот на граѓаните, како и градење на мостови за комуникација и соработка на субјекти од различни области.
Министерот Фазлиу истакна дека вратите за соработка секогаш се отворени, и ги информираше присутните дека Министерството за локална самоуправа продолжува да ги унапредува своите активности, главно во три важни области како децентрализација на власта, рамномерен регионален развој и прекугранична соработка со сите соседи.
„Децентрализација на власта и натаму останува основен столб на демократизација на општеството. Направивме значајни чекори и овој процес ќе продолжи според Нацрт-стратегијата за децентрализација на власта во Република Македонија. Она што е важно за нас не е само давање поголеми овластувања на општините,туку и доброто управување со нив, финансиска стабилност на општините и развој на општините земајќи ги предвид приоритетите на граѓаните и обезбедување единствени услуги за сите“ истакна министерот.
На крајот од оваа средба, министерот Фазлиу ги поздрави членовите на косовската делегација со желба за плодна соработка и во иднина.
А.П.