• Latest

Социјални работници во Прилеп манипулираат со корисници на социјална помош

December 3, 2016
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Социјални работници во Прилеп манипулираат со корисници на социјална помош

December 3, 2016 16:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепски социјални работници деновиве, наспроти предвремените парламентарни избори, повикувале корисници на социјална помош да се јават во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, и лично им ги врачувале решенијата, со кои што се потврдува дека се корисници на ова законско право.

„Ова секако е ‘одлука’ на Меѓуопштинскиот центар и нема врска со Министерството. Одредени кадри, одделни социјални работници, коишто се на одредени работни места или се вработени од партијата на власт и од коалиционите партии, така манипулираат со граѓаните, како тие да им помогнале да дојдат до социјална помош. На тој начин, вршат притисок врз овие ранливи категории граѓани, ‘покажувајќи им’, кому се должници за ваквата ‘услуга’, што е всушност, нивно законско право“, информираат извори на Грин ЦИВИЛ.

Добро упатените во работата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, тврдат и дека деновиве сé поинтензивни се повиците на социјалци, на коишто им е скратено ова законско право, да се јават во конкретни простории, „соба бр…“, кај конкретни социјални работници, со ветување дека овој пат ќе добијат социјална помош.

ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА-ПРИЛЕП

„Па, се знае кој тоа го организира и кој го спроведува. Целта е да се пазарат пак со изборни гласови, посредно, кажувајќи им дека тие ќе им помогнат, ветувајќи им дека овој пат ќе добијат социјална помош… Се манипулира со граѓаните, на коишто им се скратени правата“, потврдуваат изворите на Грин ЦИВИЛ.

Прилепскиот центар беше предмет на обвинувања, реакции и тврдења на граѓани и за изборите во април 2014-та. Истакнати социјални работници беа споменувани дека на денот на изборите, во населбата Тризла во Прилеп, делеле решенија за користење социјална помош на граѓани од ромска националност.

Во интерес на објективното информирање на јавноста, побаравме одговор од директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Снежана Јованоска. Таа не одговори на телефонскиот повик. Но, во првиот момент, кога Грин ЦИВИЛ ќе дојде до одговор, тој ќе биде презентиран за јавноста.

На околу 5.600 семејства или околу 26.000 граѓани на ниво на државата, поради ретроактивна примена на законите, им е скратено правото на социјална помош, во време кога со ресорот раководеше, министерот Диме Спасов. Ова во фебруари годинава, за ЦИВИЛ, го изјави актуелната министерка Фросина Ташевска Ременски, којашто, сега вели дека токму со цел да се избегнат изборните манипулации со социјално загрозените граѓани, обновата на документите ќе се врши по изборите.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕДиме Спасовизбориизборни притисоциманипулации со социјално загрозени граѓаниМеѓуопштински центар за социјална работаМТСППрилепТашевска Ременски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ