• Latest

Справување со лажни вести на Дигиталниот самит во Скопје

April 19, 2018
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Справување со лажни вести на Дигиталниот самит во Скопје

April 19, 2018 17:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Нас ни требаат добро информирани граѓани. Тие треба да донесат одлуки за гласање и други работи, кои ќе бидат базирани на вистинските информации. Затоа слободата на медиумите има важна улога во функционирањето на секоја демократија. А ние во Македонија тоа го научивме на потешкиот пат, во контекст на кризата.“ изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров на почетокот на панелот „Медиумите во дигиталната ера: справување со лажни вести“, во рамките на Дигиталниот самит во Скопје.

На панел дискусијата учествуваше и Министерот за отчетност, Робер Поповски, кој посочи дека Македонија не е исклучок од светскиот тренд за пласирање на лажни вести и за остварување на општествени политички цели на различни центри на моќ.

„Претходната власт сето тоа го правеше и една од алатките и беа владините реклами, владината пропаганда, за кои потрошија огромни суми на пари од граѓаните, за да ја пропагираат нивната вистина. Беа назначувани главни уредници со политички диктат, вестите се уредуваа од еден политички центар. Тогашната опозиција имаше страшно лимитиран пристап до традиционалните медиуми, цензурата беше пристутна насекаде.“

Тој додаде дека претходната власт ги криела сите информации од граѓаните, додека сегашната власт сите информации ги објавуваат за да бидат достапни до граѓаните.

Рејчел Врајт, новинар и продуцент од Би-Би-Си, смета дека најголем проблем сега е што информациите луѓето не ги добиваат само од традицииналните медиуми кои прават филтрирање, туку се информираат од многу различни страни и медиуми.

„Ние сакаме да ги користиме социјалните мрежи, да го користиме она што политиката ни го укажува, на пример кога има некоја голема сторија, „Твитер“ е еден од главните извори на информација, но секако секогаш мора тие информации да ги провериме. Повеќето од луѓето во Британија не добиваат вести само од нас, добиваат вести од секаде, и тогаш го нема оној филтер кои ги проверува сите информации кои стигнуваат.“ додаде Врајт.

Според новинарката една од најважните работи кои треба да се направат е да се создаде новинари од граѓаните, да се образуваат, бидејќи ако не знаат што се случува во светот тогаш тие немаат можност да ги анализираат информациите.

Ерик Бурнс, експерт за медиуми и стратегија од САД, изјави дека лажните вести, како што сега се разбираат, во суштина се традиционални лажни и полулажни, непроверени информации.

„Ни треба голема одговорност, идентификатори на лажните вести, кои ќе ги предупредува граѓаните дека нешто е лажна вест и да не се повторуваат, бидејќи лажните вести многу лесно и брзо се шират во светот.“ додаде Бурнс.

„Во моментов имаме хипер продукција на лаги дневно, во Македонија и насекаде, и да ја гониме секоја од нив тоа е непотребно трошење на ресурси и ние мора да најдеме некој нов начин како ќе се справуваме со овој проблем.“ изјави новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска смета дека треба да сфатиме прво што е она со кое се соочуваме, па потоа да бараме решенија и како би се бореле против проблемите со лажните вести.

Ангела Петровска 

Tags: Дигитален Самит на Западен Балканлажни вестиМедиумиНикола ДимитровРоберт ПоповскиСашка Цветковска
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ