ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓан(к)ите на Струга каков став имаат за референдумот и на какви промени се надеваат во иднина.
„Успешен, друго ништо“, вели еден граѓанин на Струга.
Според еден граѓанин подобро е референдумот да успее, за иднината на Македонија.
„Тука нема просперитет, нема иднина, Европската унија се знае зошто е“, вели тој.
„За референдумот ќе реши Владата, ние не се разбираме во тие работи, што ќе се реши, тоа. Тие го имаат и чеканот и оревот. Како сакаат така ќе го скршат тие. Дали ќе излеземе ние или не, не е толку важно, тоа е јасно“, вели друг граѓанин на Струга.
Маја Ивановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Владо Крстевски