• Latest
Талат Џафери, фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Талат Џафери, Претседател на Собранието на РСМ: Апелирам, сите да рефлектираат за потребата и интересот на државата и на граѓаните

November 14, 2023

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Талат Џафери, Претседател на Собранието на РСМ: Апелирам, сите да рефлектираат за потребата и интересот на државата и на граѓаните

November 14, 2023 16:17
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Талат Џафери, фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Талат Џафери, фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од две децении, Талат Џафери е еден од најпознатите протагонисти на политиката и политичките текови во нашата земја, така што посебно претставување за него и не е потребно.

Поводи за интервју со претседателот на најважната институција на демократијата во државата секогаш има многу. Земјата живее во средиштето на тешки предизвици и загрозени перспективи, кои се прекршуваат токму низ агендата на институцијата која ја води, а која често ја губи својата смисла и функционалност поради блокадите од опозицијата.

Во ова интервју, како и секогаш, Џафери е смирен, прецизен и рационален, дури и кога говори за најтешките теми. Тој е вистински џентлмен во изразот и не дозволува емоциите и личното мислење да надвладеат над пораките што тој, како прв човек на Собранието смета дека треба да ги застапува пред јавноста.

Џафери се обидува да ги постави работите на принципиелни основи, па такви се и одговорите на прашањата за најтешките политички теми за кои разговаравме. Неговите одговори се најблиску до она што може да се нарече објективност кои, за вкусот на потписникот на овој прилог, на моменти се дури и премногу дипломатски. Во секој случај, пораките од Претседателот на Собранието се директни и недвосмислени, ставовите се цврсти и поткрепени со искуство, колку и да се искажани со тон на помирливост и отвореност кон дијалог, дури и таму каде што за тоа има малку простор.

Со други зборови, и во ова интервју, и во бројни изјави во јавноста, Џафери секогаш остава простор да се влезе во дијалог и да се најде заедничко решение.

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА: Претседателе Џафери, влегуваме во завршницата на мандатот на овој парламентарен состав. Како ќе ја оцените работата на институцијата што ја водите?

ТАЛАТ ЏАФЕРИ:  Во принцип, самооценување не правам, имајќи предвид дека сум претседател на Собранието и затоа не би се впуштал во тоа јас да давам оцена на Собранието. Имајќи предвид и дека граѓаните постојано, со испитувањата на јавното мнение, ни укажуваат дека не се согласуваат со некои работи што се случуваат, особено во однос на блокадите на работата на Собранието.

Јас секогаш сум укажувал дека институцијата треба да е функционална во корист на граѓаните и за потребите на државата.

Каде се наоѓаме, конечно, извештајот на ЕК е сублимат на оцената и вреднувањето на работата на Собранието. Во суштина, има обид тоа да се прикаже како мнозинство и опозиција, а очигледно е дека, и во оваа ситуација, политичките субјекти кои учествуваат во работата на Собранието, не се подготвени да разберат дека тоа е оценка за државата и институцијата, а не за политичките партии.

Тој резултат е резултат на работата и однесувањето на сите политички партии како претставници и учесници во работата на институцијата. Ако од тоа не се извлече поука, очигледно е дека немаме капацитет да сфатиме дека состојбата ни е таква каква што е – на штета на државата и на штета на граѓаните.

ЦИВИЛ МЕДИА: Токму за блокадите во Собранието се зборува со години. Имаме забелешки и препораки и на меѓународно ниво, имаме анализи кои упатуваат на тоа, а доаѓаат од релевантни аналитичари, институции и организации. Парламентот се соочува со најразличен вид блокади. Најактуелната е за уставните измени, според кои треба и Бугарите, меѓу останатите, да бидат дел од Уставната преамбула. Кои се вашите прогнози, во краткото преостанато време во овој мандат? Дали капацитетот на политичките партии внатре во Парламентот е таков што барем делумно ќе се релаксира оваа ситуација и да остави малку поинаков впечаток?

ЏАФЕРИ: Ние како Собрание и во овој состав, и во претходниот состав, веќе видовме дека функционалноста на Собранието би требало да биде како што се очекува. Од таа причина, влеговме во проект и соработка со европскиот парламент, со „Жан Моне“ дијалогот. Со него дојдовме до финален производ, со консензус, а тоа е носење на нов Деловник, кој што ќе ги елиминира сите можности кои што се случуваат и во претходните мандати, односно во функционирањето на институцијата.

И во тој контекст, ние преземавме активности, за она што ни укажаа граѓаните. Преку 70% има незадоволство, во смисла неодобрување на однесувањето во Собранието и вон Собранието на политичките актери што учествуваат во работата на Собранието.

Во однос на Уставните измени, не може да се смета на блокада – тоа е принцип на неподготвеност или подготвеност во носење соодветна одлука. Јас, како претседател на Собранието, и претходно и сега, укажав дека е неопходно сите политички чинители во Собранието да рефлектираат  на државниот и интересот на граѓаните – да се продолжи кон интегративниот пат кон ЕУ.

Поуките се позитивни од членството во НАТО. Тие се покажаа како оправдани со НАТО, апропо сите геостратешки и безбедносни случувања, во смисла на она што се случува во светот. Во тој контекст, јас сум на ставот дека треба да рефлектираме сите по однос на потребата од продолжување на европскиот пат за зачленување во ЕУ. Без оглед на сите политички калкулации што се прават.

ЦИВИЛ МЕДИА: Прогноза некоја во тој поглед?

ЏАФЕРИ: Во секој случај, јас не би земал за право да прогнозирам. Апелот е отворен. Апелирам да рефлектираат сите по однос на потребата и интересот на државата и на граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: Изминатите три и пол години, во овој парламентарен состав, од говорницата слушнавме многу често и несоодветен политички говор. Од она што може да се прочита од мониторинг извештаите на ЦИВИЛ, често се слуша говор на омраза, дисквалификација на политичките неистомисленици, се слушаат пораки кои се базираат или на дезинформации или содржат во себе говор на омраза на етнички основи. Како ќе го искоментирате и дали имате порака како да се поправи политичката и јавната комуникација на учесниците о политичките процеси во Парламентот, бидејќи сметам дека еден дел од критиките се однесуваат токму на реакцијата на јавноста на тој низок вокабулар кој го слушаме?

Џафери: Мислам дека тоа е резултат на чувството или интерпретирањето во уставната категорија слобода на говор и по однос на искажаното од говорница. Во тој контекст како уставна определба во мисла и во изразување е неприкосновена во смисла на она што е  и што треба да биде чувство на слобода. Однесувањето надвор од она што е слобода, што влегува во делот што го потенцирате како говор на омраза тоа е тенка линија од слобода до забрана и зависи од менталитетот или општата политичка култура на тој што учествува во политичкиот живот и во јавната и општа одговорност. Последната одлука што ја слушнавме од Основниот суд во Куманово во однос на тужбата, која ја видовме, говори за тоа што не можете да определите јасно да определите каде е линијата на слободата, а кадео на што повикува на одговорност. Од друга страна, говор на омраза е санкциониран со соодветни закони, а од друга страна се чувствуваме заштитени. Сметам дека тука дигресија треба да се направи по однос на правото и одговорноста на она што ќе го искажеме како јавни личности, без оглед што во основа, условно кажано, сме заштитени од она што ќе го говориме на говорница. Слободата на говор не значи да се злоупотреби во смисла ако сме толку слободни дајте да не се криеме зад имунитетот за смислата на она што е уставна категорија. Тие мисли да ги кажеме слободно таму каде што и по други прописи би биле санкционирани и би потпаднале под одговорност и на јавноста и на она што е граѓанска одговорност пред соодветни институции и органи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што се однесува до состојбите во земјава поврзани со нејзината стабилност и безбедност, и не само нашата земја туку воопшто и регионот и пошироко – се соочуваме со бројни предизвици во доменот на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани. Во регионот, тоа е поврзано и со малигните влијанија кои доаѓаат од руската федерација, но и од други центри на моќта и други илиберални центри на моќта во светот. Како Вие, како политичар, ја оценувате состојбата во нашата земја во тој контекст? Дали нашата земја има капацитети да се справи со овие појави и што треба да се преземе во таа смисла/насока, можеби и на парламентарно ниво?

ЏАФЕРИ: Во овој контекст, соодветната институција на ниво на државата е Советот за безбедност кој го раководи Претседателот на државата. Неодамна имаше и состанок, средба, анализа за состојбата, пришто општа оценка е дека состојбата во државата е стабилна – функционираат сите државни институции кои соодветно и навремено информираат за сите настани. Но, во секој случај, случувањата околу нас и во близина и воопшто во светот, не е за потценување и во секој случај соодветните надлежни институции ги спроведуваат сите мерки и активности за да се обезбеди она што е оценка внатре во државата и од влијанието од надвор.

Дезинформациите се рак-рана на современите општества, затоа што широко е полето на влијание и можноста каде што се пласираат информации, односно во крајна инстанција – дезинформации. Во тој контекст, луѓето од различни извори примаат импулси или информации и во тој контекст градат став.

Затоа, во наша надлежност е, како институции и како претставници на граѓаните, во комуникацијата со граѓаните – да се дообјасниме по однос на секоја информација која што стигнува до нив, во однос на секоја дилема која што ја имаат. Со позачестени комуникации и наши јавни настапи треба дел од тие дезинформации да ги пребиваме, во смисла на комуникација, соодветно на надлежните органи и институции, за да може граѓаните соодветно да направат анализа и споредба на она до што доаѓаат преку средствата за масовна комуникација, и преку соопштенија, официјални ставови и состојби кои ги искажуваат надлежните институции на државата.ЦИВИЛ: Неретко самиот Парламент, а и Вие самите, се мета на дезинформации и на пропагандни пораки, односно наративи, кои имаат цел да ја дискредитираат Вашата работа и работата на институцијата, и да внесат недоверба. Кои се најголемите предизвици и какви мерки преземате во тој поглед?

ЏАФЕРИ: Ние како носители на јавни функции, како јавни личности, сме дел од онаа мрежа на определени цели врз кои се вршат дезинформации, но со однесувањето и работата, секој треба да преземе мерки за своето однесување, за да не биде причина за такви информации, во секој случај, во комуникацијата – се дообјаснуваме. Фактички, не можеме никому да забраниме да изнесе работите кои ги изнесува во јавноста. Поголемиот дел оставаме на јавноста тоа да го согледа, односно да ги провери што се информации или дезинформации, и со тоа да се здобие со соодветни докази дека сме или не сме дел од она за што нè „потенцираат“ во определени медиуми.

Во секој случај, ние ниту можеме ниту сакаме да попречиме во она што е слобода на мисла, туку оставаме на етиката на оние кои ќе користат таквите начини на дејствување, за да може да се поправат и да се исправат.

Во крајна инстанција, тие на самите себе си создаваат недоверба кога ќе се потврди дека нема ништо од вистините кои ги кажуваат како вистини. На тој начин, работат на недоверба и кон себе. Во тој контекст, тоа е двонасочно, односно дезинформацијата, во моментот кога ќе се потврди дека е дезинформација, влијае кон (создавање) недоверба кон субјектот што ја пушта како таква.

Јас лично немам причина да реагирам на таква интервенција. Како што милувам да кажам, сабајле кога станувам, се погледнувам во огледало и знам од каде излегувам и кај треба да се вратам, така што, во тој контекст – немам проблем. Но, ако се претерува, тогаш колегијално и упатно е да се укаже дека она што го пласираат е несоодветно и невистинито, и дека би требало да се провери. Во крајна инстанција, треба да се има соодветна комуникација, пред да се излезе во јавноста со било што.

ЦИВИЛ МЕДИА: Претседателе, меѓуетничките односи и воопшто мултикултурниот карактер на Северна Македонија се столб на стабилноста на земјата во многу различни сфери. Би рекол, тие се основата за тоа како Северна Македонија може да постои и да продолжи понатаму како модерна европска држава. Меѓутоа, истовремено, токму меѓу етничките односи се мета на жестока пропаганда. Тоа е поле, терен каде што одредени политички ентитети гледаат да се стекнат со што повеќе политички поени, да стекнат предност пред своите политички ривали. Дали прогнозирате ескалација на меѓуетничките тензии, како што тоа го видовме во поголемиот број од претходните изборни циклуси, кога национализмот станува една од предизборните алатки. Дали мислите дека тоа можеме да го очекуваме како јавност, како држава, како граѓанки и граѓани?

ЏАФЕРИ: Во секој случај, особено се важни процесите. По утрото денот се познава. И, ако се раководиме од тоа, очигледно е дека веќе се почнати обиди и таков начин на комуникација. Ако ја следиме дебатата околу изборните процеси, претседателски и парламентарни избори, уште од сега наративот се подготвува во таа основа, значи, да се оди на добивање на поени – што мислам не им служи за добро и на самите тие што се служат со тоа, но и на односите внатре во државата и во меѓународните односи.

Очигледно е дека меѓуетничките односи се точки каде што лесно може негативните влијанија да се искористат, но апелот до граѓаните е – тие политички пораки да не ги прифатат како нивни. Во тој контекст, и самите граѓани да бидат против тој наратив.

Ние како политичари имаме обврска да не се служиме со таков наратив, но, за жал, стварноста е поинаква. Но, сепак, не се исклучува можноста таков наратив да се користи за овие избори. Така што, по однос на темата што се отвора околу претседателските избори и конотацијата што се дава е меѓуетничка, а тоа е опасно и штетно по однос на севкупната состојба во државата и внатре и во однос на меѓународните односи.ЦИВИЛ МЕДИА: Односите со нашите северни соседи, Република Косово и Република Србија, се многу значајни и за тоа како се одржуваат односите меѓу различните етнички заедници и во нашата земја. Видовме дека тоа што се случи во северот на Република Косово, имаше свои рефлексии и на домашен план. Некои експерти предупредуваат дека таа „приказна“ не е завршена…

ЏАФЕРИ: Па, не е прашањето дали јас верувам во тие прогнози или не, имајќи го предвид бекграундот, а и функцијата претседател на собранието, но и како политика… Значи, тие информации, секако, ги имаме и искуствено праксата покажува дека таквите состојби не се за потценување.

Она што се случи е показател дека односите можат да одат дотаму што уште да почне кризата во Украина е укажано дека ние сме невралгична точка. Ние како регион сме невралгична точка по однос на таквите влијанија и по однос на пренесување на состојбите. Ние во регионот имаме две невралгични точки и по однос на таквите состојби – функционалноста или нефункционалноста на Босна и Херцеговина како Дејтонско решение, исто како и односите Косово и Србија, кои се критична точка, значи невралгични состојби.

Од таа причина, не заземаме страна но, секако, за нас е прифатливо како решение тоа што ќе биде прифатено меѓу актерите во преговорите. Она што ќе биде прифатливо за граѓаните меѓу двете држави за нас е неспорно, зашто решава една невралгична точка во самиот центар на Балканот, значи регионот и, секако, оценките, колку и да сме воздржани, неминовно е и директно да имаат влијание доколку ескалира.

Не можете да очекувате во соседството да имаат ескалација и да си бидете мирни и да мислите дека тоа не може да се однесува и на вас и да не ве опфати дали директно, дали индиректно во било која форма последиците се и врз нас, како соседи.

Затоа, работата е и во комуникација и во поддршка на дијалогот за да се расчистат тие дилеми и соодветно, значи, двете страни да го спроведуваат она што го имаат пред нив договорено. Во крајна инстанција, краен резултат да биде взаемно признавање, познавање како субјекти меѓународни за да можат да продолжат понатаму. Тоа е наша колективна судбина во напорите поврзани со интегративниот процес. Очигледно, значи, сите овие работи укажуваат дека меѓу соседските односи треба да ги имаме расчистено, за да можеме да продолжиме да очекуваме да бидеме дел од таа заедничка Европа.

ЦИВИЛ МЕДИА: Впрочем, Северна Македонија е и домаќин меѓу косовската и српската страна, поточно Охрид и се уште се нудиме како таков капацитет но, во секој случај, останува и опасноста тие односи и да се пресликаат во односите меѓу најголемите заедници во државава.

ЏАФЕРИ: Секако, ние бевме домаќини и сме подготвени да угостиме добронамерници во секое време, во секоја прилика и за секоја потреба.

ЦИВИЛ МЕДИА: Ви благодарам за ова интервју.

ЏАФЕРИ: Благодарам за можноста.

 

Разговорот го водеше: Џабир Дерала

Камери: Дехран Муратов, Ариан Мехмети, Игор Чадиноски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска
Транскрипција и јазична редакција: ЦИВИЛ МЕДИА

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформациимеѓуетнички односиСобраниеТалат Џафериуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ