• Latest

Талески: Евроинтеграциските процеси ќе ја подобрат економијата во државата

July 6, 2018
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Талески: Евроинтеграциските процеси ќе ја подобрат економијата во државата

July 6, 2018 14:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонија беше во една длабока политичка криза, имавме срозани институции, демократијата беше во слободен пад, имаше големи и страшни проблеми со владеењето на правото, селективна правда, нарачани апсења и политички процеси, голема злоупотреба на полицијата и безбедносните служби, и генерално имавме многу лоши односи со нашите соседи. Сега една година подоцна, успеавме да склучиме лани договор со Бугарија, и откако е потпишан договорот, трговијата помеѓу Македонија и Бугарија е порасната за 12 проценти. И не само тоа, Бугарија нè стави високо на агендата на ЕУ интеграциите и имаме силна поддршка“ вели Дане Талески, претставник од Влада на Република Македонија. 

За склучениот договор со Грција, Талески рече дека отвора една нова перспектива за државата и дека ќе се исполнат двете најважни стратешки цели во надворешната политика.

„Тие две најважни стратешки цели беа утврдени уште од почетокот на 90-ите години, со едногласна усвоена декларација во Собранието, од страна на сите политички партии, за тие две стратешки цели постои апсолутен политички, надпартиски и етнички консезус. Договорот кој го склучивме со Грција, овозможува тие две стратешки цели да се исполнат, Европскиот Совет даде една јасна одлука, комесарот Хан доаѓа на 17 јули и го почнуваме процесот со преговори“, додава Талески.

„Македонија во овој момент е држава на пат да нема отворени прашања со своите соседи, и тоа е единствена држава на Балканот што може да го каже тоа“, вели Талески.

Талески додава дека сето ова помага државата да оди напред во евроинтеграциските процеси, дека за нас се важни од два аспекти. Прво, за консулидација за реформите дома, како зајакнувањето на владеењето на правото и темелна реформа на безбедносните служби, но и средување на состојбата во јавната администрација, слободните медиуми, но сепак најважно за граѓаните е што процесот на евроинтеграциските процеси значи економски подобрувања.

„Во Република Македонија започнавме од ситуација на заробена држава, имаме ситуација кога демократијата повторно е вратена, кога институциите нормално функционираат, меѓуетничките односи се релаксирани, Владата е посветена на концептот на едно општество“, вели Талески.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа и фотографија: Биљана Јордановска

Tags: владаДане ТалескиЕУконференцијаМЦМСНАТОЦивил
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ