• Latest
Добро утро со Орданоски

Тајните служби, пред дождот

November 10, 2017

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Тајните служби, пред дождот

November 10, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]ред петнаесетина и повеќе години, во полуофицијална посета на Македонија беше дојден тукушто пензионираниот шеф на една од најголемите западни служби за разузнавање, еден постар, негуван господин кој како да беше излегол од филмот за тајната служба „Кингсмен“. На негово барање – ај сеа?! – домаќиниве ми организираа ручек со него, на кој на долго и широко си ги чешавме јазиците за, како што е ред, разно-разни неважни теми. Сепак, некаде околу десертот, не пропушти прилика да ме потпраша што мислам дека е проблемот со нашиве тајни служби?

„Господине – ќе да му бев рекол – сѐ додека политичарите мислат дека процесите во општеството можат да ги насочуваат преку контрола на луѓе, а не преку слободна, демократска размена на аргументи и идеи, тајните служби ќе им бидат еден од главните лостови за останување или за доаѓање на власт, а не за пресретнување на вистинските безбедносни предизвици“…

Бидејќи не слушна ништо спектакуларно ново, „кингсменот“ констатираше дека времето во Македонија е необично топло за тоа доба од годината.

Во изминатите 27 години никако не дојде ред за реформа на тајните служби: прво поминавме години на осамостојување и разни безбедносни предизвици на работ од нервен слом. Потоа се случи атентатот врз претседателот Глигоров, што ја спречи – иако можеше и обратно – секоја размисла за чепкање во службите. Следуваше промена на власта, па Косовската криза и големиот бран бегалци, по што, без пауза, дојде војната на НАТО со Србија. Тоа беше подолг период во деведесеттите во кој Скопје ги одживеа годините на Лисабон и Виена меѓу двете светски војни, кога овде буквално можеше да те фати тежок бронхитис од вирусите што ги пренесуваа големото количество разни регионални и белосветски цивилни и воени разузнавачи и други трговски патници. Па од сето тоа „природно“ израсна нашата криза од 2001 година, со сите безбедносни трауми што ги подразбира еден таков настан. Уште не бевме салам земале здив по Охридскиот Рамковен договор, ни загина претседателот Трајковски под релативно сомнителни околности, по што повторно ни требаа уште неколку години и разни политички претумбации и вратоломии за, колку-толку, да се вратиме на себе…

Потоа си дојде Грујо на власт и историјата заврши. На братучедите им дојде како „кец на десетка“ долгогодишната нереформирана и многу пати политички злоупотребена тајна полиција, за од неа да направат тотална пачавра и главна патерица за злосторничкото здружување околу кое се обединија во владеењето со Македонија.

Денеска, можеби за прв пат од осамостојувањето, македонските тајни служби се наоѓаат пред сериозна можност за преобмислување и нов начин на организирање. Можеби повеќе од зорт (Прибе, НАТО, дисконтинуитет и сл.), отколку од мерак, но мал е временскиот прозорец низ кој треба да ги протнеме реформите во и на службите, и оние за и оние контра разузнавање, пред повторно да се случи некоја поголема политичка или безбедносна хаварија или додека не ѝ помине мераков на сегашнава власт за реформи.

Тие зафати не треба да бидат само околу тоа кој и како ќе управува со процесот и како ќе се контролира опремата за следење на комуникациите. Тоа бездруго. Туку поголемото прашање е она старото, принципиелно: повеќе централизација или повеќе децентрализација на моќта околу секторите кои би требало дискретно, а ефикасно и демократски контролирано, по закон, да се грижат за нашата севкупна безбедност? И дали стари кадри од деведесеттите можат на нов начин да ја водат оваа модерна расправа во поодминатиот 21 век?

Мислам дека во тие размислувања сме некаде околу констатацијата дека времето во Македонија е необично топло за ова доба од годината.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: атентатбезбедностбомбардирањеБорис ТрајковскивојнаКиро ГлигоровКосовоМакедонијареформиСрбијатајни служби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ