• Latest

Таравари: Алијанса е алтернативата која Aлбанците ја гледаат како партија што треба да ја смени ДУИ

July 17, 2023

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Таравари: Алијанса е алтернативата која Aлбанците ја гледаат како партија што треба да ја смени ДУИ

July 17, 2023 11:51
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Др. Арбен Таравари во интервју за ЦИВИЛ Медиа, зборуваше за политичките актуелности во земјава. Според Таравари, во ситуацијата во која се наоѓа државата во моментов, би била штетна нова политичка авантура како онаа во 2021 година за обезбедување ново парламентарно мнозинство со опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

„Во оваа ситуација, после руската инвазија мислам дека тоа е штетно за државата, би се нашле во нова кризна ситуација, мислам дека на Македонија во моментот не и треба кризна ситуација, бидејќи нели се подготвуваат уставните промени, се чека предлогот на Владата да оди во Собрание, се очекува да се започнат преговори со Европската Унија“, вели Таравари во интервјуто.

ЦИВИЛ Медиа: Господине Таравари имавте еден обид да ја смените власта на Зоран Заев, преку коалиција со Мицкоски и Апасиев. Што мислите за таа постапка од оваа временска дистанца?

Таравари: Тоа беше некаде во ноември 2021 година, пред да се случи руската инвазија во Украина. Идејата тогаш беше сите политички партии на Албанците, освен ДУИ, и ВМРО- ДПМНЕ, имаше и други партии кои беа заинтересирани, меѓутоа во последен момент се повлече една од партиите и немаше друга опција, во последен момент се вклучи Левица во тоа мнозинство. Mеѓутоа, без разлика на тоа, јас не мислам дека сме згрешиле тогаш, мислам дека добро би било да имаше промена тогаш, тоа не беше ново мнозинство реално, дека формираме нова влада, туку беше да се делегитимира тогашната Влада, меѓутоа се случи тоа што се случи, беше киднапиран, не, беше исклучен, исчезна еден од пратениците, од тие 61 и оваа е таа ситуација. Три, четири месеци после тоа се случи руската инвазија во Украина.

Сега кога би имал таква понуда мислам дека не треба тоа да се направи, меѓутоа тогаш сѐ уште сметам дека не беше грешка, мислам дека и сите работи во Македонија ќе течеа малку поинаку, меѓутоа како и да е ние сме сега во нова ситуација, во нови околности и анализите ги правиме сега како понатаму, инаку ако ме прашувате дали било погрешно, јас не мислам дека било погрешно.

Дали ќе се успееше да се направи нова влада и тоа не знам, дали ќе имаше и други партии кои ќе се вклучеа доколку паднеше тогашната влада, сите тие работи се за анализи, сега не би навлегол во такви анализи.

ЦИВИЛ Медиа: Дали би влегле повторно во таква комбинација?

Таравари: Во оваа ситуација, после руската инвазија мислам дека тоа е штетно за државата, би се нашле во нова кризна ситуација, мислам дека на Македонија во моментот не и треба кризна ситуација, бидејќи нели се подготвуваат уставните промени, се чека предлогот на Владата да оди во Собрание, се очекува да се започнат преговори со Европската Унија и во вакви околности тоа би било луксуз да се направи, дури и нашето ризикување за влегување во оваа Влада беше се со таа цел, да се катализира некако процесот на уставни промени, да направиме се што можеме да се овозможи бројката 80.

Ние не очекувавме Алтернатива да се повлече, меѓутоа тоа е нивна одлука, како и да во овој период ние треба да размислуваме само во тој правец како да се направат 80 пратеници, за да имаме уставни промени и за евентуално кон крајот на годината да не се разделиме од Албанија, туку заеднички да ги започнеме преговорите со Европската Унија.

Цивил Медиа: Сте дел од владина коалиција со вашиот лут политички ривал ДУИ, дали во едно идно време или во наредните парламентарни избори, можеме да ја видиме Алијансата за Албанците во коалиција со ДУИ?

Таравари: Токму така, ние со ДУИ сме политички противници и тоа од нашето започнување како политичка партија, од почетокот на 2015 година. Продолжуваме како политички партии да имаме понекогаш спротивни ставови, понекогаш и исти ставови, меѓутоа Алијансата за Албанците е алтернативата којашто Албанците ја гледаат како политичка партија која треба да ја смени ДУИ.

Нашата цел и на формирање на партијата и на развивање на партијата беше дека кај албанскиот блок после 20 години има потреба за промени за да дојде една нова генерација на политичари Албанци, Алијанса за Албанците беше токму тоа и во изборите во 2020 година се доближивме многу до ДУИ, мислам да не беше пандемијата и да се одржаа изборите на 12 април, кога повеќе иселеници веќе имаа резервирано карти за да дојдат да гласаат, а бројката беше некаде десет до дваесет илјади, мислам дека ќе се случеше промената кај Албанците, меѓутоа, како и да е сега сме во ваква ситуација.

Ние иако сме дел од владината коалиција, со ДУИ сме да речам две различни политички партии, коишто имаат различни ставови, коишто имаат различни начини на дејствување и на работење, впрочем тоа се гледа и од нашите министри кои веќе четири месеци работат макотрпно и покажуваат резултати и мислам и таа е перцепција од повеќе луѓе што ја слушам, успеваат да ја направат таа разлика, можеби тоа е да речам, првите месеци кои се ентузијастички за министрите, меѓутоа тие дефинитивно покажуваат резултати и мислам дека ја правиме таа разлика поради која што и влеговме во владата, да покажеме дека умееме и знаеме поинаку и подобро. Што се однесува на идните избори, јас сум кажал во повеќе наврати, можни се сите опции, сите комбинации во зависност од тоа како ќе одат уставните промени, што ќе се случува со Македонија, дали ќе ги започне преговорите со Европската Унија.

Гледам одредени политички лидери имаат еуфорични изјави, навивачки изјави, што јас ги земам со резерва, треба да бидеме внимателни, да направиме секакви анализи, прво да биде добро за сите граѓани, после да биде добра климата за целата држава и на крај нормално секој ќе си ја гледа својата политичка партија.

Така и ние како Алијанса за Албанците гледаме што подобро да имаме резултати за нашата партија, не исклучувам никаква можност за некаква соработка, ви велам сите опции се отворени, ќе седнеме, ќе разговараме, пред се каква опција би била најдобра и најприфатлива за гласачите, жителите, граѓаните на Македонија, второ да имаме стабилност во државата, и трето нормално за нас многу битно стабилноста и развојот на Алијанса за Албанците.

Некои соработки коштаат многу, некои соработки некогаш се и неопходни, кога се работи за стратешки цели за државата, така да не исклучувам никаква опција за соработка за следните парламентарни избори.

ЦИВИЛ Медиа: Дали таа соработка ја гледате во рамките на иницијативата, односно Фронтот за Европа, што го промовираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети?

Таравари: Видете, таа како идеја не е лоша, меѓутоа во вакви околности е мошне тешка и невозможна за реализирање. Зошто го кажувам оваа? Доколку се оди еве викам со некоја коалиција за Европа во којашто би била СДСМ, сите партии што актуелно се дел од Владата, јас мислам дека тоа ќе биде, ќе отвориме кауза плус за ВМРО-ДПМНЕ, да излезат пред граѓаните да кажат дали сакате да гласате за Албанци или за Македонци. Вие гледате дека националистичката реторика е се понагласена во државата.

Во Гостивар не се случило во последните сигурно 20 години да има натписи по ­ѕидови “смрт за шиптари“, “нема место за шиптари“, што не е вообичаено за градот. Сакам да кажам дека се подгреваат од одредени цели вакви теми и вакви работи кои не се добри за Македонија и сето оваа создава клима во државата којашто веќе има страшна поларизација, што јас предвидувам во следните избори националистичките теми да бидат најнагласени, најпотенцирани од политичките партии, посебно во македонскиот блок, за жал, веќе се гледа реториката која сака да придобива сѐ повеќе рејтинг, да билда рејтинг, треба да се зборува против сограѓаните со коишто живеат, меѓутоа тоа пак отвара други проблеми за тие политички парти кои користат таков речник, ќе биде тешка и соработката, а и тие албански партии коишто и понатаму планираат да соработуваат да имаат во предвид дека ќе биде макотрпно и многу тешко да се седне со нив, да се разговара, да се договара и да се владее заедно.

Јас би апелирал до сите лидери на политичките партии кои ќе учествуваат во следните избори, да бидеме внимателни и да размислиме дека животот ќе продолжи и после изборите и ќе треба да си се гледаме едни со други во очи и ќе треба во одредени моменти, посебно во периодот кој е пред преговори, но и за време на преговори со Европската Унија, ќе ни требаат повеќе моменти кога ќе треба консензус, кај што ќе биде потребно широко усогласување на ставовите.

Треба да се биде пофлексибилен, да се размислува подолго трајно, не да се гледа до март или април кога ќе бидат изборите и после тоа се може да се направи, бидејќи граѓаните не забораваат и повторно за година и пол, два ќе има локални избори. Да не се случи како со СДСМ кога победи 2020-та на изборите, меѓутоа граѓаните ги казнија во 2021 година. Да не се случи повторно на некоја политичка партија да добие на парламентарни избори, а да изгуби на локални избори, како и да е треба да се анализираат сите околности, треба убаво да се седне и да се размисли, па да се одлучи како да се излезе на избори.

Широка коалиција за европска Македонија не исклучувам, меѓутоа треба да бидеме внимателни тоа да не оштетува повеќе, посебно на СДСМ, за албанските политички партии не верувам дека би имало некаков негативен ефект, меѓутоа тоа можат да го искористат одредени политички партии на Албанците коишто ќе излезат како печурки, ќе се повикаат на национализмот, којшто ВМРО го користи во последно време, за Левица да не зборам.

ЦИВИЛ Медиа: Пред малку спомнавте дека на последните парламентарни избори, работата беше до последен момент 50-50% помеѓу вашата коалиција тогашна со Алтернатива и ДУИ на Али Ахмети, првичните информации беа дека се 12 со 12 бројките на пратениците. Дали тогаш распаднатиот, нефункционалниот систем на Државната Изборна Комисија придонесе ДУИ да не отиде во опозиција? Дали е време ДУИ да оди во опозиција?

Таравари: Јас искрено мислам дека добро е и за ДУИ, и за општеството, и за државата, ДУИ едно време да хибернира во опозиција, односно, да види како е да делува во опозиција. Тоа е добро и за нив како политичка партија, бидејќи филтрирањето и расчистувањето во партијата најдобро се случуваат кога сте во опозиција, да се даде шанса на некоја друга политичка партија кај Албанците, тоа е веќе како комплекс, како табу тема, дека може некој друг да раководи.

Впрочем поголемите општини во Западна Македонија каде што раководат Албанците, се кадри кои што не се од ДУИ и покажуваат велат дека добро раководат со тие општини, така да мојот став е дека е добро ДУИ да оди во опозиција.

Дека 2020-та година се случи мистерија, тоа е неспорно, јас знам дека тогаш господинот Ахмети излезе после 9:30, 10:00, кажа дека имаат 12 пратеници, после испадна , падна системот нели, и испаднаа тие 15, ние 12, дека се случи нешто се случи, тоа дефинитивно, ние побаравме барем една кутија во Зајас да се отвори и доколку тие што гласале се во Зајас ние ќе кажевме ги прифаќаме изборите, резултатите и ги подржуваме со нашите 12 пратеници да имаат не 15, туку 27 пратеници, меѓутоа тоа никогаш не се случи. Како и да е јас се надевам следните избори да бидат фер и демократски,  да не има злоупотреби и да се на крај изброи волјата на граѓаните, како тие се изразиле за денот на изборите.

ЦИВИЛ Медиа: Актуелно тема, г. Таравари е процесот на уставни измени. Како гледате на  противењето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, па и на Левица, на процесот на интеграција на државата во Европската Унија?

Таравари: Де факто ако ги слушате ВМРО-ДПМНЕ велат нон стоп дека се за отпочнување на преговорите, седнаа со СДСМ и тоа беше еден добар сигнал за сите нас, дека убаво што се седна барем да се разговара иако нема некаков резултат, често од ВМРО кажуваат дека после избори тие ќе го решат проблемот, јас не знам како би се решил проблемот, слушам и од меѓународната заедница, од Европската Унија конкретно, дека договорот не може да се смени.

Слушаме и од претставници на Европската Унија кои што доаѓаат тука дека не може ниту со одложено дејствување, нели тоа што бараше ВМРО, јас не знам која ќе биде таа златна формула доколку еве ВМРО победи на следните избори, меѓутоа како и да е ние не можеме да се мешаме во нивните внатрешни работи, мислам дека ВМРО прави грешка што како партија не ги поддржува уставните промени и потоа експресно веднаш да се оди на избори, мислам дека е добар предлог.

Јас сум оптимист дека уставните промени ќе се случат. Зборуваме нормално и комуницираме со луѓе од  СДСМ, од ВМРО, од сите политички партии. Јас знам луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои мислат дека е добро овој проблем да се реши сега, па потоа да се оди на избори, дали има пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои би гласале тоа не знам, меѓутоа јас сум оптимист дека сепак ќе се изнајде некакво решение и некаде крај на август почеток на септември, кога прв пат треба да се гласаат уставните измени јас сум оптимист дека тоа ќе помине.

ЦИВИЛ Медиа: Мицкоски изјави дека ги прекинува сите разговори со парламентарното мнозинство, односно со власта, ги игнорира повиците на САД и на европските лидери, пријатели на Република Македонија, дека уставните измени се неопходни. Дали во ваква ситуација бидејќи сте оптимист дека ќе се случат уставните измени, може да очекуваме, како ќе се спроведе тој процес?

Таравари: Овој став е многу ригиден и неполитички, значи дури војни кога има на крај седнуваат на маса и се договараат, да не зборуваме во нормални политички ситуации, секогаш треба да има комуникација меѓу чинителите, главните политички чинители, односно политичките партии и таа комуникација треба да се одржува и тој став дека не комуницирам со партии од владејачкото мнозинство е мислам дека не е ни логично, ни конструктивно, меѓутоа јас ги разбирам оти во моментот сите се фокусирани за изборите, како да се покачи рејтингот и ако го прават за тоа, јас мислам дека ќе атерираат после изборите и да ги победат изборите пак ќе атерираат, оти пак ќе треба да се комуницира со одредени политички партии, така да од лично скромно искуство овие ригидни, одбивачки, да речам ситуации или ставови не се баш здрави и добри, и да не се согласува потполно еден политичар не смее да каже дека нема да седне, нема да разговара и да одбива се што ќе биде понудена од одредени политички партии коишто се во владејачкото мнозинство или било која друга политичка партија.

Сепак тоа се нивни ставови, нека си ги држат , меѓутоа и одбојноста што ја имаат кон меѓународниот фактор мислам дека не е убаво за сите политички партии коишто функционираме, сепак живееме во едно време кое не води кон еден глобализам, кога сите треба да бидеме во иста една унија, сега во една Европска Унија, треба да имаме добри релации со сите политички фактори кои се значајни во ЕУ и во глобалниот свет, зборувам и за САД, меѓутоа не можеш да се мешаш во тоа како размислува некој и како перципира. Тоа е личен став. Тоа како ние го гледаме и како ние ги проценуваме одредени ставови на господинот Мицкоски.

Дестан Јонузи

Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Алијанса за АлбанцитеАрбен ТаравариДУИЕУизбориуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ