Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Тараври, во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, нагласи дека АА како политичка партија продолжува да има понекогаш спротивни ставови, понекогаш и исти ставови со ривалската партија ДУИ. Сепак, Тараври потенцира дека Алијанса за Албанците е алтернативата којашто Албанците ја гледаат како политичка партија која треба да ја смени ДУИ.
View this post on Instagram
„Нашата цел и на формирање на партијата и на развивање на партијата беше дека кај албанскиот блок после 20 години има потреба за промени за да дојде една нова генерација на политичари Албанци, Алијанса за Албанците беше токму тоа и во изборите во 2020 година се доближивме многу до ДУИ, мислам да не беше пандемијата и да се одржаа изборите на 12 април, кога повеќе иселеници веќе имаа резервирано карти за да дојдат да гласаат, а бројката беше некаде десет до дваесет илјади, мислам дека ќе се случеше промената кај Албанците, меѓутоа, како и да е сега сме во ваква ситуација“, нагласиТаравари.
Д. Јонузи
Таравари: Алијанса е алтернативата која Aлбанците ја гледаат како партија што треба да ја смени ДУИ