• Latest

Чичаковски: Собранието е единствениот орган кој може да ја менува структурата на ДИК

September 1, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чичаковски: Собранието е единствениот орган кој може да ја менува структурата на ДИК

September 1, 2017 18:26
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 45 дена пред одржувањето на првиот круг од локалните избори во Република Македонија, ЦИВИЛ – Центар за слобода ја алармираше јавноста со дел од препораките и барањата до институциите, политичките партии и сите засегнати страни во изборниот процес. Дали ДИК и надлежните институции ќе успеат да создадат услови за слободни избори до 15 октомври?

ЦИВИЛ како организација со долгогодишно искуство во изборното набљудување, својот мониторинг го насочи и кон институциите, а особено кон Државната изборна комисија, како најрелевантна за спроведување на изборните процеси. Чичаковски во интервјуто за Агенцијата МИА вели дека ДИК забрзано се подготвуваат за локалните избори.

„Од досегашното набљудување, ЦИВИЛ нотира дека предизборната кампања е започната далеку порано, пред датумот на нивното официјално распишување и пред законскиот почеток на предизборната кампања. Уште еднаш ги потсетуваме политичките партии дека, според Изборниот законик, кампањата трае 20 дена пред денот на изборите и тоа е сè! Корупцијата и купувањето гласови се забранети!“, стои во соопштението на организацијата.

На оваа потсетување и предупредување на ЦИВИЛ, може да се надоврзе и ставот на Државната изборна комисија пренесен од нејзиниот претседател Александар Чичаковски во интервјуто за МИА, кое го пренесоа повеќе медиуми во земјата.

„ДИК согласно Законот има надлежност да одлучува по поднесен приговор за непочитување на одредбите со кои се забранува предвремено започнување на изборна кампања и ДИК во изминатиот период и во другите состави постапувала по такви приговори и дури имаме случаи каде што се уважувани приговорите и соодветно е постапувано“, изави Чичаковски за МИА.

Дополнително, ставот за предвремената изборна кампања, како што вели Чичаковски, ДИК може согласно овие законски одредби да ја санкционира само во периодот од потврдување на кандидатски листи или кандидатури на кандидати за градоначалници до денот на започнување на изборната кампања.

До тогаш, ДИК не е надлежна за сите активности кои во моментов ги преземаат политичките партии, вклучувајќи ги и кампањите на Интернет, што  се подразбираат како редовни партиски активности.

Од друга страна, Чичаковски за МИА фокусот го насочува кон надлежноста на ДИК да санкционира предвремено започнување на изборна кампања преку Интернет претставување, меѓутоа проблемот, истакнува тој, е тоа што не постои јасна регулативна за следење на интернет порталите од Агенцијата за медиуми како надлежно тело за мониторирање на медиумите.

„Затоа е многу тешко да се обезбедат докази и соодветно да се санкционираат доколку после потврдување на кандидатските листи, а пред започнување на изборната кампања имаме предвремено започнување на изборна кампања“, истакнува Чичаковски.

Што се однесува до барањето на партијата БЕСА да добие свој претставник во ДИК, Чичаковски се повикува на Собранието на Република Македонија, како единствен надлежен орган во врска со ова прашање: „Членовите на Државната изборна комисија се избрани од Собранието на Република Македонија во процедура и со мандат утврден согласно Изборниот законик. Оттаму, единствен надлежен орган за одговор на ова прашање е Собранието на Република Македонија“. Партијата БЕСА, за прв пат, ќе има свои претставници во избирачките одбори на локалните избори, но категорично бара и застапеност во ДИК.

илустрација: Мирослав Стојановиќ

Во интервјуто, Чичаковски зборува и за Избирачкиот список, за надлежноста на ДИК за онлајн кампањите, за буџетот за спроведување на изборите, но и за новата можност преку апликацијата за проверка на Избирачкиот список граѓанките и граѓаните да ја проверат и пристапноста до избирачките места за лицата со физичка попреченост, мерки за кои се залагаат и низа организации на граѓанското општество како што се ЦИВИЛ, Граѓанската асоцијација Мост, а во доменот на пристапноста до избирачките места и кумановската организација Инклузива.

Во соопштението #Aларм, ЦИВИЛ го изнесува ставот дека состојбите со медиумите се подобрени, но дека сè уште се далеку од потребното ниво за да обезбедат објективно и непристрасно информирање и простор за јавна дебата. ЦИВИЛ посочува дека Агенцијата за визуелни и аудиовизуелни медиуми услуги итно треба да добијат можност да работат за јавниот интерес, а не за партиско-криминални структури во земјата.

Во соопштението на ЦИВИЛ се вели и дека Избирачкиот список продолжува да биде огромен предизвик за Државната изборна комисија која вложува огромни напори да го ревидира овој документ.

Избирачкиот список е на увид до 4 септември и покрај задоволството на ДИК, од ЦИВИЛ констатираат дека проблемот со прочистувањето на истиот се уште е реален.

„Тоа значи дека во решавањето на децениските проблеми со Избирачкиот список мора да се вклучат сите релевантни институции, да не се повтори кршењето на гласачкото право, како на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Од ДИК допрва ќе се бара одговор во каква состојба ќе се предаде Избирачкиот список на политичките партии.

 

Tags: Александар ЧичаковскиБесаДИКизбирачки одбориизборни кампањиИнклузивалица со попреченостМедиумиМИАМОСТЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ