• Latest

Тевдовски: Резултати има, ќе направиме се растот на економијата да се интензивира

June 11, 2018

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: Резултати има, ќе направиме се растот на економијата да се интензивира

June 11, 2018 12:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Драган Тевдовски изразува оптимизам дека растот на економијата ќе се движи. Вели дека има резултати и оти Владата ќе направи се тој да се интензивира.

– Ние направивме стабилизација на финансиската состојба, а потоа и да го оствариме она што посакуваме, раздвижување на економската состојба. Дури и индикторите покажуваат дека во индустријата, земјоделството има раздвижување, извозот е силен, и правиме вистински притисок во градежништвото, пред се, на нискоградбата каде е проблемот, рече Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања по обраќање на Конференцијата во Скопје.

Од претходната власт, како што рече, оваа Влада наследила сериозни проблеми како проектни документации и разни други проблеми.

– Сите институции се посветени на решавање на овие проблеми, посочи министерот за финансии.

Тевдовски потенцира дека во изминатите години растот практично беше на база на оние инвестиции во споменици, врби, фасади и слично, нешто, како што рече, што не носи добро на еконоијата.

– Ние се решивме да не одиме по таков полесен пат, туку по потешкиот пат, да се зафатиме и да го работиме тоа што треба. Има резултати и се ќе направиме да се интензивира растот. Јас сум оптимист дека ќе го движиме растот и сега и во следниот период, рече министерот за финансии.

Тој појасни дека веќе има почеток на сериозни градежни активности и оти главниот проблем е автопатот Кичево-Охрид, за што во брзо време треба да бидат и таму интензивирани работите.

За тоа до кога ќе расте цената на нафатата истакна дека тоа се пазарни движења што не зависат од нас, туку од движењата на светските берзи.

(МИА)

Tags: берзиВлада на Република МакедонијаДраган ТевдовскиекономијаМинистерство за финансиираст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ