• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Ти за кого си, за Американците или за Русите?

March 8, 2024
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ти за кого си, за Американците или за Русите?

March 8, 2024 11:02
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Во поранешна Југославија, таму некаде во доцните седумдесети години на минатиот век, кружеше еден виц кој иако сите го знаеја, сите одново го прераскажуваа, и одново се смееја на него. Одеше некако вака: двајца начекуваат еден сам во парк, го прашуваат: Ти за кого си, за Американците или за Русите? Овој им одговорил за Русите, и двајцава го изнатепале. По некој ден повторно се случила истата средба. И повторно мангупиве го прашале: Ти за кого си, за Американците или за Русите? Овој поучен од предходната случка, сега им одговорил: за Американците, мислејќи дека овојпат се спасил. Но двајцава повторно го изнатепале.

Вицов изгледа дека не му бил смешен на некој кој студирајќи кај татка си и неговите колеги, животот го сфатил со математичка прецизност, и решил понатаму во животот да не дава експлицитни одговори на конкретни прашања, и да не зазема конкретна страна, туку да левитира некаде помеѓу, и одолговлекувајќи доволно долго за да си добие на време, или да избега, или овие двајцава да ги стемни чекајќи одговор и да се откажат.

Во Северна Македонија, 21 век, 2024 година, во пресрет на парламентарните и изборите за претседател на државата, на политичката мапа се профилираат два  дијаметрално спротивни правци:

Од едната страна се политичари и партии со демократска, прогресивна, прозападна, јасно нагласена евроатлантска провиниенција, кој ги осудуваат ретроградните политики на Путин и неговата агресија врз Украина;

Од другата страна се декларираните анти-ЕУ и анти-НАТО политичари и партии со силни проруски симпатии, кој ја оправдуваат целосната неиспровоцирана воена агресија врз Украина, секако нарекувајќи ја „специјална операција“ со вордингот на руската пропаганда.

Но, секако, има и еден дел кој флуктуира во сивата зона, ни ваму, ни таму, односно час ваму , час таму, избегнувајќи децидно да одбере страна, додворувајќи се на неколку страни истовремено, во зависност на лукративните интереси на некој поединец во врвот на партијата.

Да, погодивте, токму тој од вицот на почетокот од текстов.

Про-ЕУ и про-НАТО  прогресивци кои ја осудија руската агресија врз Украина

Како предводник на владината коалиција, СДСМ од самиот почеток јасно ја осуди руската агресија врз Украина и застана на страната на западните сојузници поддржувајќи ги заедничките напори за поддршка и помош на Украина. На иста линија е и коалициониот партнер во владата, најголемата албанска партија, ДУИ, но и останатите албански опозициски партии кои гајат силни прозападни, проамерикаски чувства и се силни поддржувачи на учеството на земјава во НАТО и ЕУ. Всушност, целиот македонскиот државен воен и политички врв со осуда за руската инвазија на Украина и застана на страната на прогресивните сили.

Руската инвазија на Украина ја осудија и тогашниот премиер Димитар Ковачевски, и актуелниот претседател и претседателски кандидат Стево Пендаровски, кој руската агресија врз Украина ја осуди обраќајќи се на 78. Генералното собрание на Обединетите нации. Агресијата ја осуди и поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев. Осуда пристигна и од високите функционери на ДУИ, пред се тогашниот  претседател на Собранието и сегашен технички премиер, Талат Џафери и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој едно време беше и председавач со ОБСЕ, И двајцата својата поддршка за Украина ја изразија и професионално и лично, при посетата на нивните украински колеги во воените жаришта во Украина.

Собранието со 100 гласа „за”, три „против” и ниту еден „воздржан” донесе Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, поднесена од пратеничките Моника Зајкова и Маја Морачанин од коалициониот партнер во владата, ДОМ.

Сива зона

Во овој контекст мора да се напомене дека и пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја поддржаа декларацијата, но индикативо е што, покрај Левица, во Собранието против декларацијата се изјасни и коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите, кој дури и ги нападна САД, најголемиот и најважен стратешки партнер на Северна Македонија (истото, барем декларативно го признаваат и од партијата на Мицкоски)

Иако од ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат (повторно,  барем декларативно) дека во целост ги поддржува ставовите на НАТО и партиите од Европската народна партија (ЕПП) во врска со ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација, а и самиот лидер Мицкоски (полуофицијално) на Фејсбук ја осуди руската агресија врз Украина, со ваквите потези само се потврдува неконзистентноста на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кога се работи за односот кон Русија и кон западните земји, секако, ако се земе предвид однесувањето на нивниот коалиционен партнер, Иван Стоиљковиќ, кој на коалициските координации седи на почесно место, десно од Мицкоски. Тој како докажан путинист и рашист, во екот на најбруталните руски ракетирања на цивилни цели во Украина, беше во посета на Москва каде се сликаше во друштво со сличните на него, докажани анти европските елементи од регионот, претседателот на Република Српска, Милорад Додик и директорот на српската Безбедносна-информативна агенција, Александар Вулин, и каде, на општо (само)задоволство на присутните, видео-обраќање имаше рускиот претседател Владимир Путин. Лидерот Мицкоски, како и за многу други прашања од национален интерес, немаше реакција ни по ова прашање, и едноставно го одмолча, во надеж дека и оваа епизода набрзо ќе се заборави.

Со непроизнесување на конкретни ставови и немање  јасна и недвосмислена, конзистентна осуда на руските акти на терор врз цивилното население во Украина, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кокетира и со голем дел од нивните членови, поддржувачи и симпатизери кои имаат исклучиво, и би рекле екстремно проруски убедувања, за што на социјалните мрежи пишува активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јовановски, кој открива дека на сите веќе им е јасно дека огромно мнозинството од членството на ВМРО-ДПМНЕ е про-руски, словенофилски и суверенистички ориентирано, и непријателството со Русија им пречи, и за што Јовановски понатаму истакнува дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт про-руската ориентација ќе се види и кај раководството на партијата.

Јовановски само го истакнува општо познатото силното про-руско влијание во опозициската ВМРО-ДПМНЕ,кое Мицкоски се обидува да го сокрие, а всушност само покажува зошто оваа партија постојано се јавува како кочничар на евроатлантскиот пат на земјава и прави се за Северна Македонија да не го продолжи патот кон Европската Унија.

Про-Путин, анти-ЕУ и анти-НАТО братија

И сега доаѓаме до онаа втората, линија на јасно изразени путнисти, рашисти, анти ЕУ и анти НАТО помали здруженија и политички партии, меѓу кои доминира десничарската Левица на Апасиев, кои непречено шират руска пропаганда во земјава, а нивните поддржувачи на социјалните мрежи, но и во дел од медиумите, континуирано ја величаат бруталната агресија на Русија врз Украина, и јаво се закануват дека доколку дојдат на власт ќе ја повлечат земјава од евроатлантските сојузи.

„Досието“ за проруското дејствување на Левица во Северна Македонија е обемно. На 16 март, екстремните десничари, шефот на Левица, Димитар Апасиев и неговиот колега, пратеникот Борислав Крмов, го примија рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Македонскиот парламент. Како што се пофалија „домаќините“, тие 90 минути разговарале без преведувач, на македонски јазик, за „денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија.“ Среде руската агресија врз Украина, членови на партијата Левица ја посетија Москва, каде што учествуваа на прославата за 100-годишнината од формирањето на пионерската организација на Советскиот Сојуз и имаа средба со лидерот на Комунистичката партија на Руската Федерација, Генадиј Зјуганов, како и со раководството на партијата и дел од пратениците во руската Дума.

Својата болна опседнатост од руското влијание членови на Левица  ја покажаа на 12 јули 2023 година, кога пред сопствените камери, ја вандализираат таблата со натписот на новиот „Парк Украина“, кој беше промовиран пред предходниот месец на иницијатива на Општина Чаир, во соработка со Украинската амбасада, со поддршка од ЦИВИЛ и други граѓански и хуманитарни групи и организации.

И да не остане покусо, како во вицот со коњот и жабата, нога кренала и и проруската партија со исклучително проруско име, копија од името на партијата на рускиот диктатор, Единствена Македонија, и нејзиниот лидер, истакнат путинист Јанко Бачев, кој на локалните избори во октомври 2021 година даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно чувствувајќи дека своите проруски ставови ќе има можност да ги имплементира само доколку на власт дојде партијата за која верува дека декларативно искажаните прозападните ставови не и се непроменлива категорија.

Изборите се ближат. На тебе е да одлучиш дали си за „Американците“ или за „Русите“. Гласањето е тајно и нема потреба да се плашиш дека ќе бидеш натепан од мангупаната како во вицот на почетокот од текстов. Тие се останати само во сивата зона на фрустрациите од детството на дотичниот антихерој.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕДимитар АпасиевДУИЕУизбориЛевицаНАТОруска агресија врз УкраинаСДСМХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ