• Latest

Транспаренси Интернешнл: Изборите мора да се одложат, претседателот мора да поднесе оставка

May 4, 2016

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Транспаренси Интернешнл: Изборите мора да се одложат, претседателот мора да поднесе оставка

May 4, 2016 15:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите кои се закажани за 5-ти јуни сè додека не биде пречистен Избирачкиот список вo обид да се ограничи широко распространетата корупција што ја парализира земјата, побара Транспаренси Интернешнл– глобално движење за борба против корупцијата со својот огранок во Македонија.

13149898_1882368635323413_78498540_n

“Македонците се на улиците во знак на протест по бесрамниот потег на претседателот Иванов, да ги амнестира поранешниот премиер Никола Груевски и другите членови на Владата, кои се вклучени во незаконското прислушкување. Кога Груевски беше премиер, наводно, имал тајна служба , на чело со неговиот братучед, која ги снимаше телефоните на повеќе од 20.000 луѓе. Снимените материјали што излегоа во јавноста покажаа дека  членови на Владата на Груевски, наводно, биле вклучени во изборни измами , корупција и прикривање детали за контроверзната смрт”, стои во последниот извештај на Транспаренси Интернешнл. 

“За повторно да завладее правото во Македонија и за да може да се одржат слободни и фер избори, ние сме цврсто уверени дека претседателот треба да даде оставка и дека изборите треба да се одложат сè додека не се потврди дека Избирачкиот список е пречистен. Македонија се соочува со корупциска криза на високо ниво”, смета Хозе Угаз, претседател на Транспаренси Интернешнл.

Слаѓана Тасева, претседателката на ТИ Македонија, во овој контекст изјави: “Ги поддржуваме луѓето што протестираат на улиците. На сите ни е преку глава од корупцијата во Македонија. Оние што се прогласени за виновни за корупција мора да одговараат за тоа, наместо да бидат амнестирани уште пред да започне истрагата од страна на судовите”.

“Транспаренси Интернешнл ја дефинира корупцијата на високо ниво како злоупотреба на власта на високо ниво што носи корист за малкумина на штета на мнозинството и предизвикува сериозна и широко распространета штета за поединците и општеството. Таквата корупција често поминува неказнета. Оваа дефиниција е применлива за она што се случува во Македонија. Без оглед на повиците од САД и Европската Унија, претседателот сè уште не ги поништил одлуките за помилување. Студентите во протест ги фарбаат јавните локации со боја и нивното движење се нарекува „Шарена револуција.“, пишува во соопштението.

Tags: избориКорупцијаМакедонијаоставкаПротестТранспаренси ИнтернешнлЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ