• Latest

Трет ден од расправата за уставните измени

October 17, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трет ден од расправата за уставните измени

October 17, 2018 13:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска продолжува расправата за Предлогот за пристапување кон уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа, меѓу Македонија и Грција, предложен од Владата. 

Ова е трет ден од расправата за предлогот, и според информациите од Собранието гласањето ќе се случи во петок.

Во текот на вчерашната седница, премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за да се дојде до консензус.

„Сега само се утврдува потреба за отпочнување на уставни амандмани, ќе има понатаму гласање за нацртот, ќе имаме двотретинско гласање за уставните амандмани. Тоа е процес којшто ќе трае повеќе од 100 дена. Затоа уште еднаш како прв во извршната власт кажувам спремен сум да седнам со сите вклучитело и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да изградиме сценарио и консензус по ова прашање“, изјави Заев од говорницата во Собранието.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, му предложи на Заев лидерите на двете најголеми македонски партии да седнат на маса и да донесат решение за иднината на државата, на што премиерот одговори дека е подготвен за средба, а додека Мицкоски порача дека со премиерот можат само да констатираат дека договорот е мртов.

Јулијана Николова, пратеничка од ЛДП, истакна дека одговорноста е на пратениците и дека сите заедно треба да застанат зад одлуката за НАТО и ЕУ, и според неа најголем проблем на пратениците од опозицијата е партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ да не се поддржат уставните измени со цел промена на уставното име.

Бранко Манојлоски, од ДУИ, предложи на секој, како што кажа, вмровец кој ќе гласа за договорот државата да стои зад него, ама прво да гласа и да се амнестираат сите грешници.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера испрати барање до Собранието во кое бара да зборува пред пратениците за предложените уставни измени, но барањето го отфрли претседателот на Собранието, Талат Џафери, велејќи дека не постои деловничка основа за лидер на партија кој не е пратеник да се обрати од собраниската говорница

Но барањето на Мицкоски е одбиено и поради тоа што писменото барање било адресирано до господин Џафери, а не до Претседателот на Собранието Џафери.

Сообраќајот на булеварот пред Собранието повторно беше затворен, поради протест против уставните измени на помала група на граѓани.

А. Петровска 

Tags: гласањеЗоран ЗаевпратенициСобрание на Република МакедонијаТалат Џафериуставни измениХристијан Мицкоски
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ