• Latest

„ЦИВИЛ 7“ во знак на европските вредности, борбата со хибридните закани против демократијата и говорот на омраза

May 31, 2021
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете

May 15, 2025

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

„ЦИВИЛ 7“ во знак на европските вредности, борбата со хибридните закани против демократијата и говорот на омраза

May 31, 2021 16:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мултикултурализмот, недискриминацијата, еднаквоста, едно/еднакво општество за сите, борбата со хибридините закани против демократијата, говорот на омраза како оружје или социјален експеримент…, се дел од темите кои се опфатени во ова издание на „ЦИВИЛ 7“.

ЦИВИЛ Седум е редовен видео прилог на ЦИВИЛ Медиа, во кој, секоја седмица се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛ се осврнува на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.

ЦИВИЛ организираше јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ на која учествувале првиот вицепремиер, Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот беше Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Првиот вицепремиер, Артан Груби на почетокот од јавниот настанна тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, меѓу другото говореше за тоа  дека земјата ги дели европските вредности за мир, демократско и функционално општество, како земја во која владее законот и пазарната економија.

„Да го кажам тоа што сите го очекуваат, како некоја неизбежна состојка на зготвен оброк, како нешто што е неизбежно, а тоа е дека нашата земја ги споделува европските вредности за мир, функционално демократско општество, владеење на правото, пазарна економија, и така натаму. Но, во својата суштина, европските вредности се многу повеќе од една дифолт состојка од една целина, тоа е начин на живот, секојдневие, убедување, но истовремено и пожртвуваност за еден идеал, а тоа е мирот.

Да се присетиме, нашиот континент во својата цела историја имал поголеми и подолги периоди на војна отколку во мир.

Токму затоа велиме дека Европската Унија е најголемиот мировен проект преку кој заедно учиме да ги почитуваме различностите. Различностите се богатство, се придобивка, се колорит, но истовремено се и извор на конфликт затоа што повеќето конфликти се етнички, верски, покрај територијалните. Тоа е така поради дискриминацијата, поради нееднаквоста.

Затоа силно верувам во еднаквоста. Еднаквоста е формулата за мултикултурно општество.

Едно општество може да биде цело и хармонично само при еднаквост што само по себе подразбира недискриминација туку еднаквост во права но и во обврски. Да се живее заедно значи да живееш еднаков бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно.

Повторувам до досада за да се запамети, колку што е државата по лојална кон граѓаните, толку се граѓаните полојални кон државата”, нагласи Груби.

Националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, истакна дека е реторички прашањето дали е возможно да има недискриминација, еднаквост и почитување на мултикултурализмот во нашето општество.

„За нас нема друга алтернатива освен да ги ги поддржуваме и веруваме во европските вредности и имаме обврска да ги спроведеме. Поддршката за евроинтегративните процеси на земјава немаат алтернатива. Ние како јавни личности, Влада, политичари, интелектуалци… ги подржуваме европските вредности, веруваме длабоко во нив, и имаме обврска да ги направиме наша реалност. Јас не би рекол дали е возможна или невозможна, тоа е транформативна акција и таа акција се случува во моментов, односно се случува најмалку од 2017-та наваму, и се случува преку многу акции, активности, политички ставови, и тоа би требало да се секојдневни активности на институциите кои имаше период кога беа заробени.

Со стратегијата решивме да ги надминеме негативните појави, а тоа е дискриминацијата, нееднаквоста, родовата нееднаквост, недоволната грижа за најранливата категорија на граѓани, и поделеноста во општеството. Таа поделеност одеше на повеќе линии, меѓутоа етничката поделеност е една од нив. Секако дека нееднаквоста и дискриминацијата е една од главните причини за поделеноста и затоа оваа Стратегија и платформата на Владата се базирани на надминување на тоа“, истакна Алаѓозовски.

„Во ова политички динамично време на алтернативни сценарија на Балканот кои од различни страни пристигнуваат преку различни форми на пејпери и нон-пејпери, сметам дека сездадовме автентична, наша платформа која испраќа силен и прецизен одговор за тоа каде му е местото на регионот и како до таму. „Преспа форум за дијалог“ е токму тоа“, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на панелот „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на МНР како воведен настан за претстојниот Преспа Форум дијалог кој ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година.

Говорот на омраза зема се поголем замав. Може ли говорот на омраза да биде експеримент?

Група на невладини организации поднесоа до Министерството за внатрешни работи беше пријава за говор на омраза и закани до Петар Богојески, државен советник во Министерството за одбрана од страна на активисти од повеќе граѓански здруженија, бидејќи во повеќе наврати на неговиот приватен Фејсбук профил предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост.

„И без да ја барам, поддршката ја добив, како што еве на денешната прес-конференција при поднесувањето од бројни невладини организации од Бошњачката заедница, но исто така и Ромската заедница излезе со поддршка, кои што и тие се здружени во одредена коалиција, како две најпогодени заедници од неговиот континуиран говор на омраза“, истакна Мерсиха Смаиловиќ од Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје.

Хибридна војна или хибридни закани против демократијата, се разбира  дека една од основните алатки, една од основните оружја всушност, се токму дезинформациите и говорот на омраза, особено во доменот на етничките и верските припадности, и во таа смисла гледаме дека поларизацијата, стравот, несигурноста, поделбата, шовинизмот, преовладуваат како дел од арсеналот со кој располагаат центрите на моќта кои сакаат да ја дестабилизираат секоја демократија, па така и македонската. Што можат да направат институциите, и што прават, да можат да им застанат на патот на ваквите закани во општеството?

„Ги следевме дезинформациите за резултатите на претседателските избори во САД 2016 година, со Брекзит во Британија следната година, па потоа имаше влијание на изборите во Германија, на изборите во Франција, имаше обид на изборите во Црна Гора, па и на изборите кај нас, и на крај, ако се сеќавате, мавме еден таков напад, хакерски, врз Државната изборна комисија, на денот на објавувањето на резултатите.

И замислете што би се случило доколку со еден таков упад  се прикаже друга слика за изборните резултати, различна од таа реалната, во кутиите на гласачите, и која би била реакцијата на поддржувачите на партијата што лажно би се прикажало дека е победник на тие избори… Кога би ги прифатила резултатите од тие избори дека, се легитимни? Никогаш. Затоа што ќе смета дека демократијата е изиграна. Ова е директен напад врз демократијата каква што ја познаваме, и треба да ја најдеме формата за прилагодување на новиот предизвик на нашето време, како што било од печатарството па телевизијата, весниците и радиото. И затоа велам дека индивидуално, односно еден единствен елемент не може да даде успешен придонес во целиот мозаик на општествениот предизвик. И ќе треба заеднички да идентификуваме дезинформација и лажна вест, и јавно да ги предизвикаме и да не ги прифатиме. Во институциите, во Владата работиме на тоа, сметам дека посебно и државните медиуми, посебно националната телевизија, но посебно МИА, како агенција треба да биде многу поактивна во лиферување на вестите, коишто се посебно во војна против лажните вести, и да имаат посебен оддел, посебен сектор каде што ќе работи на ова.

Мислам дека имаме два проекти од невладините коишто работат на проверка на факти, но не го постигнува ефектот, затоа што луѓето го читаат насловот, не ја читаат содржината, и преку насловот си креира сопствено мислење и убедување за прашањето, и следствено, на тој начин реагира. Додека да стигне вистинската вест, тогаш е многу доцна. Тоа е како демант на една вест. Затоа, мислам дека треба и јас да се заложам за ова во Владата, дека државните медиумски агенции би требало да бидат многу поактивни во овој дел, а секако и мејнстрим медиумите коишто се тука пред нас, да застанат на линијата против дезинформациите, лажните вести и намерната пропаганда, изјави првиот Вицепремиер, Артан Груби.

„Хибридните војни, заканата врз демократијата е глобален феномен. Ние не смееме по никоја цена да го оставиме тоа поле неодбрането, ние мора да одговориме на таа закана со сите механизми кои ни се на располагање“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски.

ЦИВИЛ во живо со Џабир Дерала, истакна дека вицепремиерот Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на вчерашната панел дискусијата на ЦИВИЛ истакнаа дека европските вредности, недискриминацијата и еднаквоста се возможна мисија во нашата држава.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ истакна дека европските вредности и еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот како модерни цивилизациски вредности се промовираат, негуваат и штитат во современиот демократски свет каде што, во основата на правото, политиките и практиките се човековите права и слободи.

„Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот се во основата на европските вредности. Кога ќе кажеме европски вредности, не подразбираме вредности на Европската Унија, односно не само вредности на Европската Унија. Тоа се вредности на сите граѓанки и граѓани на Европа, на сите европски држави. Во поширок контекст, тоа се и модерни цивилизациски вредности кои се промовираат, негуваат и штитат во современиот демократски свет каде што, во основата на правото, политиките и практиките се човековите права и слободи.

„Политичарите се само еден дел од приказната, треба и граѓаните, граѓанските организации да се вклучат во промовирање на европските вредности. Ние сме соочени во време кога црната пропаганда која најчесто се користи со национализам, со етничка и верска омраза, со лажни вести и дезинформации кои предизвикуваат страв и недоверба, поделби меѓу луѓето… многу е логично да го поставуваме тоа прашање  – Дали е возможна или невозможна мисијата да се практикуваат, промовираат и да се усвојат европските вредности, а најважните меѓу нив се мултикултурализмот, недискриминацијата, еднаквоста…“, истакна Дерала.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети


Во продолжение може да ги видите останатите две видео изданија на „ЦИВИЛ 7“.

Прво издание на ЦИВИЛ Седум

„ЦИВИЛ 7“ во знак на борбата против говор на омраза и промоција на мултикултурализмот

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ