Екипата на ЦИВИЛ Медиа е присутна во Собранието, каде ќе ја следи состојбата пред Собранието и ќе ги прашува пратениците за нивните очекувања од денешната седница, и тоа може да го проследите на лајв стрим на ЦИВИЛ Медиа.
Иако здружението на граѓани “Преродба” најави за денес протести и блокади пред Собранието на Република Македонија, истите сè уште не се започнати.
Единствен „тензичен“ настан досега беше што пратеникот Амди Бајрам се сопна пред Собранието.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 61 седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување.
Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија е поднесен од Владата.
Во петокот, по дводневната расправа, беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот.
Пратениците од владејачкото мнозинство даде поддршка за пристапување кон измените на Уставот, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.
За да биде усвоена потребата од пристапување кон уставни измени треба да биде изгласана од две третини од вкупниот број пратеници во Парламентот.