• Latest

ЦИВИЛ со првични наоди од изборниот мониторинг, Мицкоски кај Орбан, преку почитување на различностите до справување со дискриминацијата

September 21, 2021

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025

Амнести интернешнл: Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да им обезбедат на граѓаните безбедно учествуво во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување

July 5, 2025

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп се закани со царини од 17% за извоз на храна и земјоделски производи од Европа

July 5, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ со првични наоди од изборниот мониторинг, Мицкоски кај Орбан, преку почитување на различностите до справување со дискриминацијата

September 21, 2021 16:50
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ: Со „консензус“ се води предвремена изборна кампања, темите најчесто се општи, а не локални

ЦИВИЛ одржува прес конференција на која ги споделува информациите и анализите што произлегуваат од досегашниот мониторинг на изборниот процес.

Некој повешто, а некој помалку вешто, некој со повеќе, а некој со помалку ресурси, но речиси сите партии, а и независните кандидати и листи, консензуално ги „заобиколуваа“ одредбите на Изборниот законик за промотивни активности во предизборието. Учесниците во изборната кампања главно ја почитуваа законската забрана за промовирање на програмите на кандидатите, но, од друга страна, вршеа интензивни промотивни и комуникациски активности.

Се бележи кампања во која голем дел од учесниците во трката за власт на локално ниво, се занимаваат со општи теми, со национални прашања, наместо да говорат за локалните потреби, предизвици и планови.

Повторно се бележи кампања која како да се однесува на парламентарни, а не за локални избори.

Се води жестока црна кампања, политичките противници се третираат како смртни непријатели

Во изборната кампања се бележат голем број дезинформации, говор на омразата, навреди и клевети. Повторно гледаме политичка кампања каде што политичките противници се третираат како смртни непријатели.

Од 15 август до 20 септември, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи близу 1.000 случаи на говор на омраза во изборен контекст на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Говорот на омразата се бележи и кај т.н. инфлуенсери и јавни личности.

Во извештаите на мониторинг тимот на ЦИВИЛ се бележат и три случаи на злоупотреба на деца во изборна кампања. Нотиран е случајот на злоупотреба на деца од кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ во општина Илинден. Исто така, нотиран е случајот на пропагандно видео на ДУИ во кое учествува дете. Третиот случај е со злоупотреба на деца во политичка кампања од Алијансата за Албанците.

Препораки

ЦИВИЛ, како и досега, бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии! За секоја злоупотреба на децата, бараме соодветна законска реакција од институциите и ја повикуваме јавноста остро да ја осуди и отфрли злоупотребата на децата и малолетниците.

Во пресрет на локалните избори, ЦИВИЛ ги повикува сите учесници во изборниот процес максимално да ги почитуваат добрите изборни практики, демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер и безбедни избори.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: БРИМА ја демантира изјавата на Мицкоски: Истражувањето не е платено од страна на Владата

„Ексклузивното право на користење на резултатите од ОМНИБУС истражувањето на БРИМА, секција Политички Барометар, спроведено од 27 август – 9 септември 2021, е купено од страна на „Слободен Печат“ и не е платено од страна на Владата со пари од тендер од 120 000 евра на кој БРИМА воопшто нема конкурирано, реагираат од приватната агенција за испитување на јавното мислење БРИМА на тврдењето на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски дека нивното спроведено истражување, објавено на „Слободен печат“, било платено со владини пари на јавен тендер“, се наведува во демантот од БРИМА.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС ДЗС: Попишани вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови

ВЕТИНГ Првичните резултати од почетокот на ветингот на дипломатите во МНР покажува дека на две лица ќе им биде раскинат работниот договор затоа што немаат безбедносен сертификат од безбедносните служби, информира денеска министерот за надворешни работи  Бујар Османи.

ИМУНИЗАЦИЈА Вчера вакцина примиле 12.062 граѓани, 690.806 се ревакцинирани

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ

Мицкоски на средба кај Орбан, за СДСМ е на консултации кај Груевски, градоначалниците на ДУИ со отворена врата за граѓаните 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Од СДСМ велат дека средбата во Унгарија, всушност е за Мицкоски да отиде на консултации во Будимпешта, кај неговиот ментор, шеф и главен финансиер, Никола Груевски.

Од ДУИ велат дека нивните градоначалници ќе имаат отворена врата за граѓаните

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

МУЛТИКУЛТУРА

Панел на ЦИВИЛ – „Преку почитување на различностите до справување со дискриминацијата“

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Преку  почитување на различностите  до справување со дискриминацијата“.

На панелот учествуваа Маја Раванска, одговорна уредничка во уличното списание „Лице в лице“, и активистот Гуѕим Нухиу.

На панелот се дискутираше за институционалната, медиумска и општествена (родова, етничка, социјална) (не)дискриминација, колку се почитуваат различностите во институциите, медиумите и во општеството, како до подобра комуникација помеѓу различни групи и заедници, како и за препорака за практики за недискриминација во сите наброени аспекти.

Панелот е дел од проектот „Направи разлика, почитувај ги различностите“, во соработка со Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

СЛОБОДНА ЗОНА

„На настан за 75 години од Здружение на пензионери, Заев одговара на новинар дека е банално прашањето дали немало поспособен од него во СДСМ.

А еден куп медиуми, меѓу нив и такви кои се декларираат како професионални, ја извртуваат изјавата и ја лажат јавноста дека „банално“ се однесувало на оставките за пожарот во Тетово и на жртвите.“, Петрит Сарачини во „Банално“.

„Голем дел од целата таа предизборна-пред-изборите хистерична врева не може ни да се контролира, дури и кога би имало подготвеност за тоа од партиските штабови, заради постоењето на социјалните мрежи и платформи. Таму предизборната „ледина“ се ора уште од пролет за на есен, без пардон за никого, а навикнавме тамошниот говор на омраза да не ферма ни возраст, ни приватност, ни пол, ни политичко определување, ни бутур, ни усул, во сите достапни аудио-визуелни медиумски формати!“, Сашо Орданоски во „Изборите се како битката кај Ватерло!“.

Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ