„Тврдокорни“ излегоа на протест против Законот за јазиците пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред Собранието на Република Македонија вчера верчерта. Учесниците на протестот изразија разочараност од раководствата на двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за како што рекоа, низата предавства направени во изминатите години.
Според организаторите на протестот, двојазичноста не е само губење на македонскиот карактер на државата, туку и „прикриен тивок, но сигурен културен геноцид врз македонската нација“. Ана Бобинкова порача дека ќе се борат за интересите на македонскиот народ, државниот суверенитет и националните интереси. „Тврдокорни“ најавија протест и за денеска и ги повикаа граѓаните да излезат во поголем број.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.