Кога на почетокот од своето обраќањето во Европскиот парламент, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика „ Слава Украини“ ( Слава на Украина) сите присутни во пленарната сала едногласно му вратија „ Херојам слава“ ( Слава на хероите), на лицето на претседателот можеше да се забележи колку тоа го допре длабоко во срцето , и емоциите за миг надвладеаја.
Толку длабоко ни ги допира срцата кога слушаме „Херојам слава!“
Сето тоа можете да го видите на лицето на претседателот.
Ви благодариме за непоколебливата поддршка, објави Фејсбук страната „Meanwhile in Ukraine“.
Ова ми ги насолзите очите, исто како што насолзи неговите. Овој човек е херој кој ја води Украина низ пеколот на војната. Му треба сета наша поддршка.
Слава Украини!
Подготви: Д. Мишев