• Latest

Владата најавува развој, а ВМРО-ДПМНЕ спинува

September 5, 2017
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата најавува развој, а ВМРО-ДПМНЕ спинува

September 5, 2017 13:24
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, на бизнис-форум во Ерусалим, пред педесетина претставници на компании од Македонија и Израел ги презентираше мерките за економски развој, што ќе ги имплементира новата Влада, а коишто ги подели на три столба.

„Првиот столб се мерките за поддршка на инвеститорите, вториот е за изградба на соодветна инфраструктура, со цел подобро поврзување со соседните земји, а третиот столб се реформите во енергетскиот сектор“, рече Анѓушев.

Тој потенцираше дека во текот на овој месец ќе биде презентиран новиот концепт за привлекување странски инвеститори, којшто ќе обезбеди транспарентност и еднаков пристап за домашните и странските инвеститори, што ќе има позитивен импакт врз домашната економија. Анѓушев најави и мерки за субвенционирање нови бизниси, отворање работни места за високостручен кадар и воспоставување соработка меѓу домашните и странски инвеститори.

Ова е дел од агендата на новата Влада за подобрување на бизнис климата во земјата, преку мерки и измени на законската регулатива. Но, паралелно со овие мерки, владата донесе решенија и за зголемување на минималната плата од околу 9.000 на 12.000 денари, ослободување на граѓаните од давачките за РДТ и други мерки, кои ќе го подобрат социјалниот статус на домаќинствата.

ВМРО-ДПМНЕ, за тоа време, продолжува со спинови и обвинувања, до степен на заплашување на граѓаните дека, не само што нема нови инвестиции во Македонија, туку постоечките капацитети на странските инвеститори се во фаза на затворање и селење на своите бизниси надвор од Македонија.

„Владата на Заев во наследство добива шеесетина странски компании, со кои што Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше во сериозни разговори и потенцијални 25.000 работни места. Наместо да го продолжат трендот на носење инвестиции, тие се откажуваат. Бркањето на инвеститорите и затворањето на погоните, ја намалува цената на пазарот на трудот, тоа ќе ги намали платите, а тоа значи и повеќе профит за бизнис олигарсите на СДС“, обвини Кристијан Делев на прес конференција.

Но, ВМРО-ДПМНЕ во своите обвинувања, заборави на бројните реакции на граѓаните – вработени во фирмите со странски капитал, кои што се жалат на тежок мобиг, на екстремна експлоатација за минимални пари, на откази (вработените од Гентерм, на обука во Украина) од една страна и на нереалната слика на (не)остварени вработувања со прикривање на податоците во Агенцијата за вработување и нивна поделба на активни и пасивни невработени.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕекономијаекономски форумИзраелинвестицииКочо АнѓушевКристијан Делевнов економски концептрастСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ