• Latest

ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори и ја обвинува ДУИ: Проблем беше двојазичноста, а не СЈО!

February 8, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори и ја обвинува ДУИ: Проблем беше двојазичноста, а не СЈО!

February 8, 2017 17:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека „постапката за репреговарање на охридскиот Рамковен договор, преку форма наречена Платформа, може да предизвика други етнички заедници да излезат со свои платформи… Со цел да не се донесе земјата во уште по сложена ситуација, а имајќи предвид дека повторното преговарање на Охридскиот договор е, всушност, отворање на Пандорина кутија, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за истата Платформа!“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека „СЈО треба да ја работи својата работа професионално, а не како марионета на СДСМ и други надворешни центри, и согласно договорот од јуни-јули 2015-та, без негово менување, вклучувајќи и без негово продолжување… Не е точно дека тоа беше причината за непостигнување на договор за коалицирање на ДУИ, иако очигледно е дека на ДУИ ѝ одговара така да ја претстави работата. Во реалноста, всушност, освен што на почетокот се констатира дека по ова прашање имаме различни позиции, над 95 осто од времето за разговори беше посветено на дебата околу барањето на ДУИ за измени на законот за употреба на јазиците, каде беа и главните разлики!“.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека биле изрично против воведување на двојазичност на целата територија, меѓутоа дека покажале интерес да се води дискусија околу одредени идеи за унапредувања на законот за употреба на јазиците во оние општини каде живеат етнички заедници различни од македонската, со застапеност од најмалку 20 проценти во рамките на општината.

„На фер и демократски избори, ВМРО-ДПМНЕ доби нов легитимитет кој никој не ги оспори, иако одредени надворешни центри им помагаа на одредени субјекти во годината пред изборите. Партијата освои најголем број на гласови и мандати и сега, имаме ситуација каде имаме обид тоа да се изгира, а тоа не е добро за државата, создава нови кризи, и сметаме дека е зрела ситуацијата за нови избори“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ако за  носење на измени на закон кој го засега малцинството е потребен т.н. Бадентер, или мнозинство од немнозинските заедници, тогаш и за измена на таков закон, потребна е и подршка од мнозинството на мнозинската зедница и мнозинство од Македонците во парламентот: „Како што не сакаат помалите етнички заедници да бидат изиграни и надгласани за еден ваков закон од мнозинската заедница – Македонската, исто така и мнозинската зедница на Македонци не сака и нема да дозволи да биде надгласана од коалиција составена од малцинството Македонци во парламентот со сите албански партии и пратеници во истиот“.

 

 

Tags: ВМРО - ДПМНЕдвојазичностДУИплатформаПреговориРамковен договорСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ