• Latest

Војна во Иран: Западен Балкан меѓу енергетски шок, хибридна војна и нови безбедносни ризици

March 12, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Војна во Иран: Западен Балкан меѓу енергетски шок, хибридна војна и нови безбедносни ризици

Од енергетски коридори до информациска војна, војната во Иран ја продлабочува нестабилноста на југоисточната граница на Европа.

March 12, 2026 11:28
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала
Во соработка со тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани — ЦХТМ

Војната во Иран не е далечна криза. Нејзините последици веќе се чувствуваат на најранливата периферија на Европа. Западен Балкан повторно се наоѓа во позната ситуација: политичките лидери прогласуваат стабилност, додека ризиците се таложат под површината.

Во мојата претходна анализа за ЦИВИЛ МЕДИА, објавена на третиот ден од ескалацијата на Блискиот Исток, предупредив дека регионот не може да се гледа како периферна зона на глобалните кризи. Напротив, Балканот често е еден од првите простори каде што глобалните геополитички потреси се преведуваат во економска, политичка и безбедносна нестабилност.

Денешните случувања ја потврдуваат токму таа теза.

За да се разбере целосната димензија на ризиците, тимот на ЦИВИЛ (ЦХТМ) анализираше повеќе извори и разговараше со експерти од регионот за безбедносните, енергетските и информациските последици од кризата.

Војната во Иран не е далечна криза — таа веќе влијае на безбедносната слика на најранливата периферија на Европа. Во регионот на Западен Балкан, старата приказна повторно се повторува: се прогласува стабилност, додека нестабилноста се забрзува.

Додека претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, по свикувањето на Советот за безбедност по американско-израелските напади врз Иран, изјави дека состојбата во земјата е стабилна и безбедна, Западен Балкан всушност влегува во период на зголемен ризик на повеќе фронтови.

Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте (фото: ФБ страница на Претседателката)

Како геополитичка граница на Европската унија, регионот е меѓу првите што ги апсорбираат ударните бранови од ескалацијата на Блискиот Исток.

Во овој кревок контекст, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, иако формално ја одржува позицијата на неутралност и вели дека земјата е стабилна и безбедна, повторно сигнализираше дистанцирање од Европската унија. Коментирајќи ја реакцијата на Европа на нападите врз Иран и нејзиното инсистирање дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје, Вучиќ иронично праша „кој Бог, според меѓународното право, е овластен да одлучува кој има право, а кој нема“, како што пренесе РТС.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ (фото извор: скриншот од вести на РТС)

Оваа реторика е позната и ни оддалеку не е случајна. Таа ја одразува пошироката стратешка позиција на официјален Белград која, во услови на глобална криза, придонесува кон регионална нестабилност, преку сеење магла и нејаснотии од што, се разбира, најголема полза имаат токму српските елити во политиката и бизнисот.

Затоа, важно е да се предупреди дека, наспроти изјавите на политичките лидери, Западен Балкан сега се соочува со конвергенција на сериозни ризици во неколку меѓусебно поврзани домени.

Енергетски шок и нова геополитика на коридорите

Анализите за рано предупредување на ЦИВИЛ покажуваат дека сигналите се веќе јасно видливи.

Европа останува високо чувствителна на нестабилноста на цените на енергенсите, особено во Централна и Источна Европа, кои сè уште се погодени од нарушени синџири на снабдување, нерешени инфраструктурни зависности и политички спорови околу енергетските рути.

Токму во овој контекст, проф. д-р Александар Иванов од Факултетот за безбедност, во изјава на ЦИВИЛ МЕДИА, предупредува дека војната во Иран веќе создава „тектонски последици врз светскиот енергетски пазар“, а Западниот Балкан — како „сè уште незаокружена геополитичка целина“ — е особено изложен на овие потреси.

Проф. д-р Александар Иванов (фото извор: приватна колекција)

Според него, кризата не може да се анализира без да се земе предвид постепеното затворање на енергетските вентили од Истокот и промената на глобалните енергетски текови.

„Оската Будимпешта – Белград е сериозно на удар. Затоа се гледа силен притисок за репозиционирање на енергетските коридори — од Александруполис кон Романија, како и за поврзување на Бургас и Драч преку Коридорот 8“, оценува Иванов.

Овие инфраструктурни линии, според него, не се само економски проекти, туку дел од нова безбедносна архитектура.

„По овие коридори треба да се овозможи масовно движење на енергенси, стоки и услуги, а по потреба и воена опрема. Тоа директно ја позиционира Северна Македонија како клучна транзитна артерија во новата безбедносна архитектура“, предупредува Иванов.

Слична проценка изнесува и Тонино Пицула, европратеник од редовите на хрватската СДП и член на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Во разговор за хрватскиот неделник Национал, Пицула предупредува дека нападите врз Иран ќе имаат политички и економски последици далеку надвор од регионот на конфликтот.

Европратеникот Тонино Пицула (фото извор: ФБ профил)

„Нема сомнеж дека Европската унија повторно ќе ги почувствува негативните енергетски ефекти од оваа војна, а на Западниот Балкан одредени групи може да се обидат дополнително да ги радикализираат односите на локалната политичка сцена“, изјави Пицула.

Дополнителен фактор е и улогата на Турција, која — по неуспешниот воен удар пред една деценија — разви значителна стратешка недоверба кон САД и настојува да ја редефинира својата геополитичка позиција.

Во вакви услови, геополитичките трансверзали низ Југоисточна Европа очајно бараат алтернатива на руските енергетски коридори, како и начини за заобиколување на постојните тесни грла во снабдувањето.

Директни безбедносни ризици засега нема, индиректните последици веќе се чувствуваат

Од безбедносна перспектива, ризиците за Северна Македонија се реални, но имаат различна природа.

Според проф. д-р Оливер Андонов од Воената академија, во изјава за ЦИВИЛ МЕДИА, кризата треба да се анализира во две димензии: директна воена закана и безбедносни ризици преку прокси-актери.

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

„Главниот ризик за нашата земја не е директен ракетен напад, туку можноста од терористички акции или активности на прокси-структури како одговор на поддршката на САД“, оценува Андонов.

Во однос на директната воена закана, тој смета дека веројатноста е ограничена.

„Според достапните информации, ние сме на самата граница на дострелот од околу 2.500 километри. Северна Македонија нема НАТО база, а Иран нема ракети со домет до Бондстил во Косово“, вели Андонов.

Слична оценка изнесе и поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски, во интервју за Призма, според кого „немаме иманентна опасност на наша територија“.

Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

„Ракетите со кои располага Иран, дури и оние што се закануваат дека ќе ги користат во иднина, не можат да надминат растојание од околу 2.000 километри, а притоа да останат прецизни. Максимум, зависно од точката од која би биле лансирани во Иран, би можеле да стигнат до близината на Софија“, изјави Пендаровски за Призма.

Но пошироките стратегиски последици, според Андонов, може да бидат многу посериозни.

Ескалацијата на Блискиот Исток неизбежно ќе доведе до пренасочување на вниманието на Западот, што создава простор за други актери да ја зголемат својата активност.

„Ќе видиме намалено внимание на ЕУ, Британија и САД кон руската хибридна закана, што ѝ дава простор на Русија поинтензивно да работи во регионот“, предупредува Андонов.

Ескалација на руските хибридни операции

Покрај енергетските и безбедносните ризици, ескалацијата на конфликтот во Иран отвори уште една фронтална линија — информациската војна во регионот, која има долгорочни последици врз балканските општества. Овој процес се надоврзува на веќе постојните наративни и пропагандни екосистеми, поврзани со концептите на т.н. „српски“ и руски свет“, но и со пошироките мрежи на дезинформациски и хибридни операции.

Анализите на ЦИВИЛ укажуваат на тоа дека ескалацијата на Блискиот Исток создава стратешки простор за Кремљ. Како што вниманието на Западот се пренасочува кон Иран, неизбежно се намалува фокусот врз Украина, но и врз Балканот.

Русија веќе го искористи овој момент преку засилување на хибридните операции — проширени кампањи на дезинформации, активирање на прокси-медиумски мрежи и испраќање политички сигнали преку усогласени актери.

Наративите се веќе познати: „Западот го дестабилизира светот“, „ЕУ е слаба и поделена“, „неутралноста е единствениот пат“. Повеќепати е пишувано дека пропагандата на Кремљ секогаш ја преведува демократската дебата како слабост и разединетост и онаму каде што има јасно и очигледно единство. Тоа ја поткопува довербата на луѓето во институциите и во способноста на ЕУ, НАТО и земјите членки да се соочат со растечките закани. 

Според Андонов, овие процеси може да остават долгорочни последици.

„Дури и по завршувањето на иранската криза, руското влијание во јавниот и политичкиот дискурс во Македонија може дополнително да се продлабочи“, предупредува тој.

Главната опасност во овој контекст не произлегува само од директни воени закани, туку од манипулацијата со наративите поврзани со блискоисточниот конфликт. Истите канали и мрежи паралелно ги инструментализираат и настаните поврзани со војната во Украина, како и други клучни процеси во Европа и светот, создавајќи комплексен информациски простор во кој фактите и пропагандата сè потешко се разликуваат.

Аналитичари и новинари од регионот подолго време предупредуваат дека блискоисточните конфликти често се користат како катализатор за дезинформациски кампањи во Балканот, со цел да се поттикнат политички и општествени поделби. Во таквите наративи, конфликтите се претставуваат како доказ за „лицемерието на Западот“, со што се обидува да се поткопа поддршката за НАТО и Европската унија.

Во услови на ескалација на блискоисточниот конфликт, не може целосно да се исклучи ризикот израелските институции, дипломатски мисии и туристи во Балканот да станат потенцијални цели на прокси-актери поврзани со Иран. Иако ваквите сценарија не се сметаат за високо веројатни, регионот има одредени структурни ранливости — помалку развиена безбедносна инфраструктура во споредба со Западна Европа, географска близина до Блискиот Исток и зголемена активност во рамките на руските хибридни операции.

Политичките позиции во регионот

Политичките реакции во земјите од Западен Балкан се различни, што дополнително ја рефлектира сложеноста на регионалната геополитика.

Албанија и Косово генерално одржуваат јасна дипломатска позиција и силна политичка поддршка за САД и Израел. Србија, пак, продолжува со својата карактеристична политика на „балансирање“ и настојува да ги зачува економските врски со Израел, но истовремено да одржи поширока дипломатска флексибилност и пријателските односи со Иран. Во Босна и Херцеговина, реакциите се поделени и често се рефлектираат низ сложената внатрешна политичка, етничка и верска структура на земјата.

Северна Македонија, членка на НАТО, преку министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски формално изрази солидарност со САД и Израел. Сепак, ваквото позиционирање доаѓа во момент кога голем дел од европските влади, како и институциите на ЕУ и НАТО, настапуваат со значително повнимателна реторика и настојуваат да избегнат понатамошна ескалација на конфликтот.

Министерот за надворешни работи на РСМ, Тимчо Муцунски, ги дочекува евакуираните од Блискиот Исток (фото: ФБ страница на министерот Муцунски)

Во тој контекст, дел од регионалните аналитичари забележуваат дека изјавите од Скопје звучат повеќе како политичко усогласување со позициите на Доналд Трамп и неговата администрација, отколку како израз на подлабока дипломатска и стратешка ориентација.

Иако на прв поглед не изгледа така, оваа позиција се разликува од ставовите на Косово и Албанија, чија поддршка за Израел и американските политики има поинаква историска и политичка основа — длабоко вкоренета во долгорочниот сојуз со САД и во специфичниот контекст на нивните односи со Израел.

Етно-политичките жаришта повторно се активираат

Историјата на Балканот покажува јасен образец: надворешните кризи имаат тенденција да ги реактивираат полузаспаните внатрешни конфликти.

Според Андонов, неколку регионални точки на нестабилност може повторно да се активираат, меѓу кои и оние што може да ги предизвика еден од највлијателните босански Срби, Милорад Додик.

„Може да се очекува пораст на тензиите меѓу Србија и Косово. Босна и Херцеговина е особено ранлива, каде што сецесионистичката политика на лидери како Додик, може дополнително да ги засили тензиите“, предупредува тој.

Геополитичкиот аналитичар Адмир Лисица, директор на сараевскиот тинк-тенк Геопол, во изјава за ЦИВИЛ МЕДИА предупредува дека ескалацијата на конфликтите на глобален план создава дополнителни безбедносни ризици за Балканот.

Во такви услови, додава тој, се зголемува ризикот од хибридни операции и економска ранливост, особено во Босна и Херцеговина.

Директорот на Геопол, Сараево, БиХ, Адмир Лисица на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски за ЦИВИЛ)

„Глобалната нестабилност секогаш има директни последици за политички кревките држави. Во Босна и Херцеговина тоа може да значи засилување на политичките тензии, економски притисоци и нови форми на хибридно влијание“, вели Лисица.

Во Северна Македонија, пак, идентитетската поларизација, веќе одамна доминантна во јавниот и политичкиот дискурс, може дополнително да се продлабочи под притисок на надворешни наративи и внатрешни политички конфликти.

Веројатниот исход не е непосреден голем конфликт, туку состојба на долготрајна контролирана нестабилност.

Балканот – прв на удар, последен се опоравува

Западен Балкан не е изолиран од глобалните кризи. Напротив, често е меѓу првите што ги чувствуваат нивните последици и меѓу последните што успеваат да ги надминат. Ескалацијата на Блискиот Исток се надоврзува на веќе постојните тектонски геополитички потреси предизвикани од долготрајната и брутална руска воена агресија врз Украина, разорната војна во Газа, подемот на авторитаризмот во светот и хибридната војна во Европа и пошироко. Во такви услови, ризиците не се појавуваат одделно, туку се натрупуваат и се засилуваат. Така, во наредниот период се очекува продлабочување на политичката нестабилност, информациски војни, економски притисоци и нови безбедносни неизвесности насекаде во светот, а особено силно во регионот на Западен Балкан. 

Затоа, без оглед на тоа што говорат политичарите и колку и да сакаат да ја прикажат како далечна или апстрактна оваа криза, нејзините последици се веќе тука. 

И колку и да изгледа надреален светот денес, едно е сигурно — последиците од овие потреси ќе бидат длабоки и долготрајни. 

Наодите и ставовите изнесени во оваа анализа се одговорност на авторот.
Текстот е подготвен во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ).
© CIVIL MEDIA | Сите права се задржани

Tags: Западен БалканИранхибридна војна
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ