Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека многу регионални и големи светски фактори се впуштиле во нов бран на признавање на таканаречената независност на Косово и посочи дека Србија ќе мора да продолжи со тешката и заморна работа и да работи на признавање, објави Еуроњуз.
Вучиќ, говорејќи на Конференцијата на амбасадори во Белград, им порача на српските амбасадори дека нивна работа е да ја водат политиката на Србија, дека можат да внесат личен шмек, но дека границата не смее да се премине и дека Уставот на Република Србија не смее да се игнорира.
„За нас, Косово е неотуѓив дел од Србија, така беше и така ќе биде, и знам дека не е пријатно кога мора да се зборува за тоа во Лондон, Вашингтон…, но така е, и ве молам да немате дискусии за тоа, никакви разговори. Инаку, вие не ја претставувавте нашата политика“, рече Вучиќ, обраќајќи се кон амбасадорите.
Тој истакна дека, кога станува збор за „Косово и Метохија“, ниту Приштина, ниту големите сили, не почитуваат ништо што е потпишано досега во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Вучиќ додаде дека, кога станува збор за признавање на таканареченото Косово, станува збор за туѓи претензии не само на територијата на Србија, туку и на целиот регионален простор.
Д. Т.
















































