• Latest

Заев: Граѓаните на крајот ќе одлучат

June 20, 2018
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Граѓаните на крајот ќе одлучат

June 20, 2018 07:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека нашиот народ ќе донесе мудра одлука. Јас сум политичар кој им служи на граѓаните. Направив договор, не беше лесно да не се постигне. Преговарале многу претходно пред мене, ако било лесно ќе направеле договор. Тешко беше, но сега имаат шанса граѓаните, ќе се изјаснат дефинитивно на референдум. Јас сум убеден дека огромно мнозинство ќе ги поддржи овие перспективи кои и се на дофат на Македонија, истакна премиерот Зоран Заев во синоќешната емисија „Само вистина“ на  Канал 5 телевизија. 

Многу верувам на договорот, потенцира, но истовремено сум многу среќен што граѓаните ќе имаат можност конечно да одлучат за каква иднина ќе се определиме.

– Граѓаните како никогаш досега ги знаат сите факти за да донесат решение и на крајот ќе одлучат. Резултатот од референдумот ќе биде задолжителен без разлика дали ќе се определиме да биде обврзувачки или консултативен. Тоа значи ако мнозинството на граѓаните е „за“ тогаш договорот е важечки, ако, пак, мнозинството е „против“ тогаш не важи ниту ратификацијата на договорот ниту, пак, договореното име, прецизира Заев.

Референдумското изјаснување, посочи, е врв на демократијата по вакво важно прашање и граѓаните точно ќе определат, ќе застанат, ќе помислат во кој правец се движиме.

– Во минатото СДСМ беше против референдум за името, сега сме за, додека ВМРО-ДПМНЕ цело време беше за референдум. Се надевам дека опозицијата ќе изнајде сили за да се организира референдумот и оти претседателот Ѓорге Иванов нема да ги опструира процесите кои ќе следуваат. Треба да се најде начин како да не се поништи Парламентот со џебно вето како со Законот за јазиците, рече Заев.

Овој договор што го постигнавме, додаде, дава можност сите да бидат запознаени со деталите.

– Досега беа само дебати, правеа напори и претходни влади, разговарале, полуинформации, дел случавме од „бомбите“, се случуваа разни работи. Сега имавме еден транспарентен процес, договор јавно достапен, ги знаат сите и предностите и слабостите на договорот. Критичкиот осврт на двете опозиции во Македонија и во Грција само по себе покажува дека и двете страни добиле и двете страни нешто изгубиле, рече Заев.

Тој нагласи дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес. Тоа, како што кажа, се случило во времето кога не се преговарало за идентитетот, бидејќи грчката влада не го признавала.

– Никола Груевски во 2012 и 2013 година прифати име за севкупна употреба Горна и Северна Македонија, но Грција не го прифати тоа бидејќи беше премногу испорвоцирана со „Скопје 2014“ и преименувањето на аеродромот и автопатот, потенцира Заев.

Посочи дека договорот е огромна придобивка за Република Македонија. Со Договорот, нагласи, конечно имаме земја признаена од сите, од целиот свет, конечно имаме земја во која живее признаен македонски народ кој зборува признаен македонски јазик.

– Завршува времето кога бевме буквално со психолошки тегоби, кога гледавме како ни кажуваат јазикот на вашата земја, народот на вашата земја, а бевме ФИРОМ употребливи насекаде, буквално од самостојноста го носиме тоа бреме, тој тег кој не влечеше доле, истакна Заев.

Конечно, посочи, можеме да излеземе на површина и да бидеме нормална земја, граѓаните да чекаат надеж, перспективи овде во Македонија, да обезбедиме иднина за нашите деца и за децата на идните генерации.

– Верувам во овој договор, знам дека не е така лесен, боли, чепка во душата затоа што имаме промена на Устав заради уставно име и мене ми е тоа јасно, но на крајот е факт дека од географскиот регион Македонија ние сме северниот дел. При тоа Грција ни признава народ, јазик, имаме Македонец, Македонка, македонски јазик, македонски народ. Конечно вековната аспирација на нашите предци да имаме своја земја признаена од сите ја добиваме, рече Заев.

Појасни дека морале да прифатат промена на Уставот заради уставното име. – Само така можеше да помине од страна на Грција и конечно да го изградиме тоа пријателство со земја сосед. Ние се уште имаме бели листови на границата кога одиме, се уште имаме таму нападнати граѓани. Нашиот сосед е сериозна пречка за интеграцискиот процес. Нема ни НАТО ни ЕУ без решение на овој проблем. Апелирам до граѓаните да го читаат внимателно договорот и ќе видат дека имаме и праведно и паметно решение, рече Заев.

Во врска со протестите пред Собранието, рече дека мора уште еднаш да го осуди насилството.

– Насилството не е решение за ништо. Правото на слободно изразување на ставот, на протестот на револтот, е демократско и тоа никаде не е ускратено. Апсолутно мислам дека реакцијата на полицијата е оправдана посебно заради тоа што внимавале во делот на постапките, додаде Заев.

Прашан дали паралелно со референдумот ќе се организираат и предвремени избори, Заев одговори дека анкетите се на нивна страна и додаде дека не посакува предвремени избори заради доброто на економијата.

– Но, тоа не зависи само од мене. Пречести избори се штетни за економијата. Чесно е цел мандат да се истера. Кога знаат дека изборите се редовни бизнисмените можат да планираат и да инвестираат, рече Заев. (МИА)

Tags: ГрцијаДоговорЗоран ЗаевинтервјуКанал 5Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ