• Latest

Заев: Со договорот конечно сме признати како држава од целиот свет

July 2, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Со договорот конечно сме признати како држава од целиот свет

July 2, 2018 14:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со договорот за името е исполнета вековната аспирација на нашите предци да имаме своја земја. Конечно сме држава признаена од целиот свет. Признат ни е македонскиот јазик и идентитет и нема повеќе дилеми, порача премиерот Зоран Заев од собраниската седница. 

– Досега бевме ФИРОМ, Поранешна Југословенска Република. Газени, понижени секаде каде што ќе излезевме. Подпрашање во државата беше внатрешната дебата дали ќе ни опстои Македонија. Денес нема дилеми – вековната аспирација да имаме своја земја е исполнета. Името е допрецизирано со Северна заради тоа што е факт и е заокружен во границите на оваа територија којашто ние си ја сакаме, истакна Заев, одговарајќи на прашање од пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласи дека се признава македонскиот идентитет и македонскиот јазик и оти ова е конечно решено прашање во Македонија, но оти конечната одлука ќе ја донесат граѓаните.

– Македонија после 27 години ќе има јасна шанса да одлучи за каква иднина се залага и каква иднина посакува за своите деца. Македонија ќе ја има, нема да ја снема секако ако граѓаните застанат и го поддржат реферндумското прашање. Конечно сме држава признаена од целиот свет. Конечно ни е признат македонскиот јазик и идентитет и повеќе дилеми нема, потенцира Заев, оценувајќи дека опозицијата шири антагонизам и праша зошто 11 години не успеале да ја внесат Македонија во НАТО и ЕУ.

Определете се, рече Заев, за каде сте и тогаш ќе им помогнете на граѓаните. Јас сум за ЕУ и НАТО и застанав чесно со цела политичка одговорност за договорот со Грција.

Говорите предизвикаа реплики од координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, првпат премиерот се послужил со навреди кон пратеници од опозицијата, додека координаторот на СДСМ Томислав Тунтев оценувајќи дека во говорот на пратеникот имало говор на омраза и ширење нетолеранција најави покренување постапка во врска со Етичкиот кодекс на Собранието.

Седницата за пратенички прашања продолжува по редовната едночасовна пауза. (МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијаГрцијаДоговорЗоран ЗаевимеПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ