• Latest

Заев: Верувам во народот дека ќе изгласа одлука што ќе гарантира иднина

July 31, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Верувам во народот дека ќе изгласа одлука што ќе гарантира иднина

July 31, 2018 15:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните на Република Македонија да излезат на референдумот, распишан за 30 септември, нагласувајќи дека сега е моментот секој граѓанин на земјата да ја преземе одговорноста за иднината. 

– Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја. Вашиот глас е ваше право. Не дозволувате некој да го злоупотреби вашето право, рече Заев на прес-конференцијата на која беше придружуван од сите министри во Владата.

Нагласи оти граѓаните не смеат да дозволат никој да ги поколеба да илезат и да го кажат своето мислење за Договорот од Преспа и за влезот на земјата во ЕУ и НАТО и додаде дека Владата ќе го почитува исходот од демократскиот избор, без разлика на резултатот.

– Сега е време за одлука. Сетете се на референдумот од 1991 година, голема одлука на голем државотворен народ, кој се определи за својата иднина, за независна држава. Тогаш покажаме дека сме народ, кој  учи од историјата, народ поучен од историјата дека нема да ги повторува нејзините трауми. Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја, порача Заев.

Им се обрати и на како што рече сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ да ја сфатат важноста на моментот и им порача дека вратата е отвотрена.

Запрашан што доколку не биде постигнат цензусот и дали во таков случај референдумот ќе се смета за релевантен, премиерот Заев истакна дека не сака ни да помислува на таква можност.

– Цензусот треба да го постигнеме како пример. Ако не сега, кога. Ова е навистина важна историска одлука за граѓаните. И оваа одлука може да ја донесат само тие на референдумот како врвна алатка на демократијата. Апелирам до сите граѓани да ја сфатат сериозноста на одлучувачкиот процес оти државата се граѓаните и само тие може да ја гарантираат иднината. Затоа не размислувам дали референдумот ќе биде успешен. Сите знаеме дека огромното мнозинство ќе бидат за, и тоа е таа волја на граѓаните која треба да ја почитуваме. Уверен сум дека референдумот ќе биде целосно успешен и дека ќе ги постигне двата кумулативни аспекти – повеќе од 50 проценти излезеност и истовремено огромно мнозинство да гласаат „за“.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на лидерските средби и јавно јасно се изразил дека нема да повика на бојкот, а тој не очекува тоа да се случи, пред се, заради, како што вели, државата, но и затоа што во изминатите десетина години партијата се залагала за референдумско изјаснување за името. Според него, успешност на одлуката која што ја носат граѓаните на референдум согласно Уставот е ако излезат над половина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

– Ако граѓаните заклучат дека прашањето им е тешко, дека не се доволно информирани може да одлучат и да останат дома, без разлика на политичките разлики. Но ова овојпат не е дозволиво. Во таков случај тие ја пренесуваат одлуката на институциите, затоа што со сите правници, со сите релевантни фактори во државата, со сите што го толкуваат и Уставот и законите, тоа значи така. Уште еднаш апелирам одговорноста е на секој. На овој референдум ќе си ја преземеме одговорноста за себе, за своето  семејство и за Македонија и ќе гласаме онака како што мислиме, но ќе излеземе. Затоа што е обврска пред татковината. Опција има да се гласа за или против, но опција дали да излеземе или не, нема. Треба да излеземе ако сме вистински патриоти, рече Заев.

Премиерот Заев уште еднаш нагласи дека ќе остане непоправлив оптимист дека референдумот ќе успее затоа што, како што кажа, така верува и затоа што тоа е негова должност. Но, и затоа што нема друга опција за Македонија.

– Сите сме еднакви граѓани на Македонија со еднакви права, но и со еднакви обврски. Сега и правата и обврските доаѓаат заедно и затоа убеден сум, затоа што верувам до небо во нашиот народ дека ќе излезе и ќе ја каже одлуката што ќе гарантира иднина за Република Македонија. Убеден сум дека ќе успее референдумот, а потоа ние политичарите ќе го послушаме нашиот народ кој не избрал и ќе ги спроведеме одлуките соодветно на надлежностите кои ги имаме, порача Заев. (МИА)

Tags: Договор од ПреспаЕУЗоран ЗаевНАТОреферендум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ