• Latest

Започна вториот изборен круг на локалните избори

October 29, 2017

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Започна вториот изборен круг на локалните избори

October 29, 2017 08:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Започна гласањето во вториот круг на локалните избори во 35 општини во Република Македонија. Во текот на изминатите денови, ЦИВИЛ – Центар за слобода излезе со бројни содржини во кои јавноста се информираше за текот на кампањите, проблемите и нерегуларностите, предизвикани од партиите или од институциите, а објави и низа информативно-едукативни содржини.

ЦИВИЛ уште еднаш ја нагласи законската, политичката и моралната обврска на државата и партиите да спроведат слободни избори. Исто така, се пишуваше во повеќе наврати за тоа како граѓанките и граѓаните можат да го обезбедат своето гласачко право доколку не се најдат на Избирачкиот список, а го објави и Упатството за гласање од ДИК. Прес центарот на ЦИВИЛ отвори во 6:30 часот денеска и ќе работи до полноќ или подоцна, сѐ додека за тоа има потреба.

Од ЦИВИЛ порачуваат дека е од особена важност да се прочитаат и почитуваат препораките на организацијата упатени до јавноста на 13 октомври.

Право на глас во овие 35 општини, според Избирачкиот список имаат 833.716 гласачи, распоредени на 1.517. На гласачките места во 13 казнено-поправни установи своето избирачко право можеа да го остварат 939 гласачи. И во текот на вчерашниот ден, на дел од лицата кои се во притвор или на издржување казна затвор, повторно им беше повредено правото на глас.

Постои изразен интерес и за набљудување на овие локални избори од страна на домашни и странски организации и медиуми. Државната изборна комисија за Локалните избори издаде акредитации за набљудување на вкупно 5.101 домашни, 473 странски набљудувачи, 315 преведувачи и 20 странски новинари. ЦИВИЛ ги набљудува локалните избори со 206 акредитирани набљудувачи, а теренот го чешлаат дополнителни 30 граѓански новинарки и новинари.

ЦИВИЛ – Центар за слобода им посакува мирен и достоинствен изборен ден на сите граѓанки и граѓани на Република Македонија.

Џ.Д.

 

Tags: втор кругдржаваизборилокални изборимониторингопштинипартиипрепоракиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ