• Latest

Засилена руска пропаганда во македонските медиуми во пресрет на гласањето за уставните измени

September 18, 2023

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Засилена руска пропаганда во македонските медиуми во пресрет на гласањето за уставните измени

September 18, 2023 15:04
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Цивил – Центар за слобода, како организација за човекови права вложува огромни напори за демаскирање на руската пропаганда и дезинформации во Северна Македонија, ги препознава и нотира проруските наративи и пропагандата на Кремљ, при што забележува дека руските пропагандни наративи најдоа плодна почва во македонските медиуми, и, за жал, и покрај големите напори што се вложуваат за разобличување на – про Кремљ наративите кај нас, проруските наративи во македонските медиуми не само што се уште опстојуваат, дури во последно време во одреден дел и земаат замав.

Во последниот период забележливо е дека руската пропаганда дополнително го поларизира македонското општество по различни линии, а особено треба да се истакне штетната улога која ја имаат медиумите во периодот пред гласањето на уставните измени кои ќе овозможат напредок во преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Пренесувањето одредена вест самото по себе не е проблем, туку начинот на кој е презентирана, контекстуалноста и централизираноста која се користи при пренесување кој може да се искористи да и се даде посакуваната насоката на руските пропагандни наративи.

Пример за тоа како функционира руската пропаганда е сензационалистичкото и некритично пренесување на изјавата на Путин дека Русија развива ново оружје.

Голем број македонски медиуми, координирано, (како) под команда, со сензационалистички наслови по принципот „copy paste“, со нескриена доза на восхитување ја пренесоа изјавата на Путин, дадена на Источниот економски форум што се одржа во Владивосток, каде што тој, меѓу другите изјави во кои повторно го обвинува Западот за „уништување на системот на трговски и финансиски односи, дополнително,  сосема паушално (исто така некритички пренесени од дел од македонските медиуми), без никакви конкретни објаснувања и докази,  изјавува дека Москва развива ново оружје со ласерски, ултразвучни и радиофреквентни способности ( од кое секако треба да се плашат западните сојузници, меѓу кои спаѓа и Северна Македонија).

Руска пропаганда: изјава на Путин на дел од македонските медиуми Фото: Скриншот

Токму тој дел се чини дека им се допаднал на овој издвоен дел од македонските медиуми, кои за лајк повеќе или за грст рубљи, а можеби и двата заедно, го издвоија како наслов во своите објави за понатамошно ширење на анти западните, анти НАТО и анти ЕУ расположение, со кое ќе се дестабилизира државата и ќе се успорат, и понатаму конечно да се запрат започнатите ЕУ интегративни процеси, како крајна цел на руските интереси во регионот.

Руска пропаганда: изјава на Путин на дел од македонските медиуми Фото: Скриншот

И содржината на објавените текстовите, како и насловот се исти во сите медиуми, најверојатно напишани и дистрибуирани од ист центар, со истиот избор и редослед на содржините во текстот.

Фото: Скриншот

Истовремено, во еден од медиумите како извор од каде е преземена изјавата на Путин се наведува Би – Би – Си ( нјверојатно како алиби) без при тоа да се наведе дека интегрално, веста на Би – Би – Си е дел од покомплесно следење на настаните поврзани со економсиот форум во Владивосток и средбата на Путин со севернокорејскиот лидер, и таму е децидно наведено дека преземената содржина е од руската државна медиумска агенција Тасс, а изјавата на Путин не е земена здраво за готово, туку со дополнување дека за истата ќе се обидат подоцна да добијат појасна слика за тоа што би можело да значи.

Руската пропаганда која е присутна во македонскиот медиумски простор уште пред почетокот на целосната руска агресија врз Украина, но загрижува фактот дека со неа не се зафатени само помалите медиуми, без импресум, со сомнителна сопственост, туку, што е уште позагрижувачко, се повеќе ја прифаќаат и етаблирани, мејнстрим медиуми, на кои публиката досега им верувала.

МД / ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ