Според извори на ЦИВИЛ Медиа, лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретнал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како почеток на преговорите за формирање нова влада. За деталите од средбата, се очекува СДСМ да излезе со соопштение до јавноста.
Средбата Ахмети – Заев доаѓа во време кога мандатот за формирање нова влада, го има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Но, прашањето на двојазичноста и продолжувањето на мандатот на СЈО, меѓу другото, се императивите на Ахмети, кој ги застапува интересите на трите партии на етничките Албанци во Македонија, кои неодамна потпишаа Платформа со децидни барања, како дел, според нив, од нереализираното од охридскиот Рамковен договор од 2001 година.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, како партија-предводник на коалицијата „За подобра Македонија“, според жестоката предизборна реторика, не можат да ја преминат „црвената линија“ за овие барања на ДУИ.
М. Талеска