• Latest

Заев и Мицкоски остануваат на различни позиции

March 5, 2018
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Мицкоски остануваат на различни позиции

March 5, 2018 10:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Враќањето на опозицијата во Парламентот беше една од темите на кои лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ разговараа на средба во Владата вчера вечерта.

– Во делот на враќањето во Парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ ни ги соопштија ставовите околу притворите и јас имам апсолутно разбирање за тоа што и опозицијата го кажува дека не се враќаат додека не бидат комплетирани. Уште еднаш сакам да напомнам дека немаме намера апсолутно да вршиме притисок или влијание врз правосудството заради тоа што правосудството е независно и апсолутно важењето на законот е еднакво за сите и за јакнењето на правосудството ова е апсолутно е недозволиво, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по средбата со Мицкоски.

Додаде дека како политичка партии секако се  дека притворите не смеат да бидат казна и апсолутно треба да се минимализираат во државата, но, како што рече, тоа е обврска и право на јавното обвинителство и судовите во РМ.

Истакнувајќи дека уште утре би сакал опозицијата да се врати во Парламентот уште еднаш апелираше да се вратат во законодавниот дом.

Премиерот истакна дека во однос на законот за употреба на јазиците се далеку од приближување на позициите.

– Предлогот да се формира работна група која со уставни експерти би ги толкувале уставностите на самиот закон апсолутно е неприфатливо. Прво од принципиелни и прагматични причини, а тоа е дека постои Уставен суд во РМ и ако нешто е неуставно тоа треба да го каже Уставниот суд. Парламентот ги гласа законите, претседателот го употреби своето право на вето и го врати законот. И навистина ова законско решение е неовозможено право на помалку бројните заедници треба да се овозможи, а потоа постои Уставниот суд ако навистина тврдат дека е неуставен. За нас законот е уставен и апсолутно не треба да го доведеме Парламентот во ситуација да ги толкува уставноста или неуставностите, истакна Заев.

Потенцира дека поднесените 35 илјади амандмани ќе го блокираат Собранието кое во најмала рака ќе остане блокирано до завршување на Самитот на НАТО во јули.

– Апсолутно тоа не е одржливо. Сме демократи луѓе. Сакаме да разговараме со сите засегнати страни, но за жал се уште немаме решение на овој проблем. Ако се тргне на амандманска расправа би требало најмалку шест месеци за да се дискутира по амандманите. Овие амандмани се поднесени заради неуставноста на законот. Парламентот дефинитивно не е толкувач дали е уставен или не законот. Тоа е Уставниот суд и ако се има малку разум ќе се даде можност законот по пат на разговори со опозицијата да помине. Јас сум убеден дека Уставниот суд на крајот ќе каже дали нешто е уставно или не. И во тој дел за жал немаме некој разумни решенија помеѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, изјави Заев.

Се надева дека во наредните денови ќе се искористи секоја можност во Парламент во работни групи да се најде решение.

– Едно знам дека не треба да дозволиме Македонија да биде блокирана во наредните шест месеци, кои се исклучително значајни за интеграцискиот процес посебно за пораката што ја испраќаме кон инвеститорите и мора да водиме грижа, но мора да водиме грижа и за демократијата. Може да одлучиме да го пуштиме процесот со сите амандмани и тогаш сите ќе знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за блокирање на процесите, рече Заев.

На средбата премиерот го информирал Мицкоски и за разговорите за името со Грција, каде како што рече, немаме некое поместување.

– Од средбата во Виена нема некое поместување. Апсолутно разговаравме за нашите стратегии и детали. Го информиравме како шеф на најголемата опозициската партија за намерите како да течат преговарачките процеси. Секако тие остануваат на нивните познати ставови и ние остануваме на нашите ставови и остануваме оптимисти дека може да се најде решение за овој горлив проблем кој постои повеќе од 25 години, но притоа секако тоа да биде со сочувување на достоинството и идентитетот од двете страни во преговорите за името, рече Заев.

Повтори дека следува нова рунда преговори која ќе биде крајот на март или почеток на април под раководство на Нимиц. Дотогаш ќе има билатерална средба меѓу двајцата министри.

– Имаме најава дека Коѕијас ќе долета третата или четвртата недела од март, каде буквално со неговото доаѓање на аеродромот Скопје ќе може да направат обиди да некако ги приближат ставови, меѓусебно да се информираат,  да споделат очекувања или слично, а преговарачкиот процес ќе продолжи  под раководство на медијаторот Нимиц, рече Заев посочувајќи дека немаат добиено драфт верзија и оти ја очекуваат првата да дојде со Коѕијас.

Се надева дека по ова прашање дека може да изградат национален консензус.

Според него прашањето е како да се најде решение на отворените прашања и оти тоа го прават. – Не боли сите неправичноста, наметнатоста на овој ирационален проблем сите подеднакво. Можно е сите да се позиционираме и процесите повеќе да не течат, да не се преговара, прашањето е дали може да најдеме решение кое ќе го сочува нашето достоинство и нашиот идентитет, рече премиерот.

Станало збор на средбата, како што рече Заев и за законот за финансирање на политичките партии, нешто што треба да доведе до поголема независност на политичките партии од какви било донации, бизнисмени и слично, со цел, како што истакна, да ги направиме потранспарентни, а секако и потенцијално некорумпирани во иднина.

 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: бојкотвмроЗоран Заевпарламентполитички дијалогПреговориСДСМХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ