• Latest
Wreckage of collapsed buildings are seen after the Assad Regime carried out air strikes in Eastern Ghouta, Syria [Samir Tatin / Anadolu Agency]

Жените низ светот се мобилизираат за Сирија

February 25, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жените низ светот се мобилизираат за Сирија

February 25, 2018 15:23
in ВЕСТИ, СВЕТ
Wreckage of collapsed buildings are seen after the Assad Regime carried out air strikes in Eastern Ghouta, Syria [Samir Tatin / Anadolu Agency]

Wreckage of collapsed buildings are seen after the Assad Regime carried out air strikes in Eastern Ghouta, Syria [Samir Tatin / Anadolu Agency]

Share on FacebookShare on Twitter

Светот продолжува понатаму додека масакар, во стилот на оној во Сребреница, се одвива во Источна Гута, а истовремено почнуваат да се појавуваат вести за другата, темна страна на бруталноста на сирискиот режим; затворањето и тортурата врз жените. Приказните за силувања и нехуман третман во сириските затвори поттикнаа, повеќе жени од висок профил да започнат глобално движење за испраќање на мировен конвој составен исклучиво од жени на сириската граница со цел да се обрне повеќе внимание на овие воени злосторства.

И покрај тоа што се скриени во занданите и затворите на режимот на Асад, почнуваа да се појавуваат сведочења кои даваат детали за страдањето на илјадници жени. Тие се, според кажувањата, мачени, силувани и по итна постапка погубени.

Откако започна војната во Сирија во март 2011 година, скоро 14.000 жени се уапсени од страна на режимот. Половина од нив сé уште ги држат затворени, заедно со повеќе од 400 нивни дечиња. Постојат стравувања дека бројките се многу повисоки, со гласини за тоа дека постојат скриени и тајни затвори низ целата земја.

Независната меѓународна истражна комисија на ОН за Сирија неодамна призна дека поради стигматизација и траума, малкумина жени или нивните семејства се спремни да поднесат официјални жалби за сексуалното насилство на кое биле подложени, или на кое биле сведоци. Меѓутоа, недејствувањето на ОН, исто така, предизвикува фрустрации меѓу женските активисти за мир, а сега некои и се здружија како “Совесен конвој за жени“, со цел да се истакне страдањето на нивните сестри и деца кои се затворани и измачувани во Сирија…

Патувањето ќе започне во Истанбул на 6 март, кога ќе тргнеме кон турско-сириската граница. Откако ќе стигнеме таму – за што ќе ни бидат потребни неколку дена – ќе ги подигнеме нашето знаме и гласови во името на жените кои страдаат на таков брутален начин: тортура, силување и погубувања по итна постапка не се шега. Доколку има останато мала човечност во срцето на оние кои го водат она што се чини најбруталниот режим на светот во моментов, тогаш тие треба да ги ослободат сите жени и деца и да нѝ ги предадат на границата во наша грижа.

Патувајќи во конвој од автобуси, ќе учествуваат жени од различни средини и професии, вклучувајќи адвокати, академски граѓани, новинари, домаќинки, деловни жени, атлетичари, уметници, десетина турски преставници на невладини организации, социјални работници, наставници, доктори и политичари. Сосема јасно ни стана на сите дека не можеме да сметаме на ОН или на нивниот “Совет за безбедност“, да застане во одбрана на илјадници безгласни сириски жени и деца, па оттука ние жените на конвојот ќе го сториме тоа; ние ќе бидеме нивните гласови.

Ми беше кажано дека некои од сириските жени биле уапсени или киднапирани додека биле во бременост и биле принудени да се породат зад решетки; некои дури забремениле од многуте силувања. Тоа е она што ние го знаеме за жените во официјалните затвори кои ги води режимот; немаме никакви потврдливи информации за оние кои се држат затворени во големиот број анонимни згради кои се користат како неофицијални центри за притвор.

“Сé уште не се знае бројот на лица кои се држат затворени во различни згради и објекти кои се користат како затвори“, признава организаторот на конвојот Фатима Захраа Алауи. “Меѓутоа, според последните статистики објавени од страна на сириските организации за човекови права, бројот на жени притворени од страна на сирискиот режим во периодот 2011 до 2017 година, изнесува 13,581“. Таа додава дека дека од таа бројка, повеќе од 6,700 лица сé уште ги држи режимот, вклучувајќи 417 деца. “Конвојот на совеста ќе стигне до сириската граница на Меѓународниот ден на жената на 8-ми март за да упати повик до светот“.

Секој што е заинтересиран да се приклучи на конвојот може на Твитер да оствари контакт со Фатима и Гулден Сонмез (Fatima and Gulden  Sonmez @Conscience_conv). Наскоро ќе бидат објавени подетални информации.

Тргнувајќи од Истанбул, конвојот ќе помине низ Измит, Сакарја, Анкара, Коња и Адана. Жените се очекува да ѝ се приклучат на групата од Турција, додека глобален контингент ќе учествува од самиот почеток.

Во меѓувреме, фокусот е насочен на Источна Гута, која се споредува со Сребреница, местото на најлошите воени злосторства извршени на европско тло од 1945 година. Како што беше случајот со енклавата на босанските муслимани во 1995 година, Источа Гута, во предградието на Дамаск, е под опсада на режимските сили дури од раните фази на војната. И покрај многуте години на бомардирање, опсада и бруталност, сепак, режимот не успеа да ги отстрани бунтовничките фракции. Исто како и во Сребреница, прекинато е снабдувањето со витални лекови, храна и друга помош, иако руските сили ја прогласија Источна Гута да биде една од договорените “деескалациони зони“. Трагично, како што се случи и во Босна, цивилното население е изложено на целосната бруталност на режимот; воените напади ескалираа во декември, а преговорите пропаднаа.

ОН повикува на итен прекин на огнот од хуманитарни причини и заедно со коалициските сили – вклучувајќи ги и прорежимските ирански поддржани воени сили и Русите –  бараат да се сопрат бомбардирањата. Агенциите за помош излегоа со исти апели, но засега се игнорирани. Рекорден број на локално население е убиено во последните 48 часа— “Тоа не е војна, тоа е масакар…” се вели во еден наслов – а за оние кои сé уште се живи, едноставно не постои никакво бегање или пак помош.

Жени и деца се брутализираат зад затворени врати; се врши масакар на жени, деца и мажи пред очите на светските медиуми. За режимот на Асад тоа е вообичаена работа, но можеби жените во светот може да го засрамат сирискиот претседател и неговите ортаци во Дамаск за да се стави крај на ова варварско однесување.

Ивон Ридли (Yvonne Ridley) за MEMO (Мониториинг на Блискиот Исток)

Tags: жениконвојмасакарподдршкаСиријатортура
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ