ЦИВИЛ – Центар за слобода на прес-конференцијата на 13 јануари, категорично побара продолжување и проширување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.
И веднаш по изборите, ЦИВИЛ побара проширување на мандатот на СЈО и на 2016-та година, односно на предвремените парламентарни избори.
„Криењето и уништувањето на доказите, противуставната аболиција на претседателот Иванов, стигматизацијата во јавноста, заплашувањето на сведоците, блокадите од судовите и другите институции и низа други форми на опструирање на работата на СЈО, ја наметнуваат потребата мандатот на оваа институција да се продолжи и да се прошири. СЈО е единствената институција во државата која функционира нормално и професионално. Тоа мора да се почитува!“, потенцира ЦИВИЛ.
Организацијата изразува убеденост „дека слабостите, незаконитото постапување, кршењето на изборните процедури, купувањето на гласовите, заканите, злоупотребите, притисоците и уцените, како и низа други сериозни нерегуларности кои ги нотира ЦИВИЛ на изборите, се директна последица на втемелени во криминалните практики и постапки кои се надоврзуваат или имаат директна или индиректна врска со предметите што ги води токму СЈО“.