• Latest

ЦИВИЛ додели пет, остануваат уште 25 награди за граѓански новинари

February 14, 2016

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ЦИВИЛ додели пет, остануваат уште 25 награди за граѓански новинари

February 14, 2016 14:28
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ- Центар за слобода додели пет награди за пет видео и фото материјали, кои беа подготвени од граѓанските новинари. Тие беа придружени од кратки стории кои ги дообјаснуваат видео и фото прилозите. Доделувањето на наградите е дел од проектот “Граѓански објектив”. 

Наспроти студот и дожделивото време, салата на хотелот Сити Парк во центарот на Скопје беше полна. На доделувањето на наградите дојдоа дел од учесниците и предавачите на семинарите за обука на граѓански новинари кои се одржуваа во текот на последните два месеци од минатата година. Освен нив, на церемонијата присуствуваа и активисти на граѓанското општество, заинтересирани граѓанки и граѓани, новинари и уредници.

_MG_1368
ЦИВИЛ во хотел Сити Парк, 13.02.2016

Прв говореше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој го претстави проектот и комисијата составена од тројца членови: Биљана Јордановска (претседателка), Биљана Еверет и Ермин Климента, кои се дел од тимот на ЦИВИЛ.

DSCN5023
Бранко Героски

ЦИВИЛ го покани новинарот и уредник Бранко Героски да се обрати на публиката. Според Героски, проектот  “Граѓански објектив”, има голем потенцијал на направи промена во развојот на македонското новинарство, кое во моментов е на најниско ниво во последните 35 години.

DSCN5024
Актерот Перо Арсовски говореше пред граѓанските новинрар(к)и.

Потоа, се обрати и актерот Перо Арсовски, кој, меѓу другото, говореше за позитивната улога на ЦИВИЛ во општеството. „ЦИВИЛ е тип на невладина огранизација каква што јас замислувам дека треба да биде една организација” – рече Арсовски.

“За да се зборува за ЦИВИЛ, треба да се напише една книга” – рече претставникот од невладината Натура од Липково Паљуси Салији, кој побара збор за да го покани ЦИВИЛ да продолжат со соработката која датира уште од времето на војната во 2001 година.

Граѓанските новинари кои се ангажираа во проектот „Граѓански објектив“ испратија повеќе информации и стории, како учесници во натпреварот „Биди граѓански новинар!“. Голем дел од текстовите, фотографиите и видео-материјалите сведочат за партиски злоупотреби и притисоци низ целата земја.

По воведничарите, започна церемонијата за доделување на наградите. Дерала ја додели едната од двете награди за четврто место за трудот: “Оти ЦИВИЛ нема во Америка”. Авторката Билјана Милановска од Пробиштип, која претходно побара да остане анонимна, сепак, реши да се претстави пред гостите на настанот и се согласи да биде потпишана под трудот, што предизвика аплауз во салата. “Видеото е премногу добро за да се остане анонимен” – изјави Милановска, пред да ја подигне наградата.

Четвртата награда е за текстот: “Владиката Агатангел вдахновен од власта”. Граѓанскиот новинар, автор на фото веста е Димче Велев од Велес.

Третата награда комисијата на ЦИВИЛ ја додели на Божидар Барлакоски  од Прилеп, за фото-сторијата “Прилеп: Партиска пропаганда и манипулација со малолетници”.

DSCN5019Граѓанската новинарка Тања Кангалова од Штип, е добитник на втората награда, за видео материјалот: “Немам доверба во никого”. Кангалова, студентка по новинарство, аплицираше и за волонтерска позиција во ЦИВИЛ, за новинарски и истражувачки ангажман во редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Нејзината апликација беше прифатена.

Тања Кангалова
Тања Кангалова

Првата награда ЦИВИЛ ја додели за видео материјалот: “Конвој автобуси за унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ” и текстот „Партиски закани во Унијата на жени на ДПМНЕ“, видео-прилог кој за само неколку часа имаше над 10.000 посети на YouTube каналот на ЦИВИЛ, како и голем број посети на веб страницата на ЦИВИЛ. Авторката на оваа содржина одлучи да остане анонимна.

“Остануваме доследни на тоа што досега сме го правеле, а тоа е да бидеме израз на граѓанската вoлја на граѓанките и граѓаните,  кога тоа најмногу им треба.”, со оваа порака Дерала го затвори официјалниот дел од церемонијата на доделување на наградите „Граѓански објектив“ и ги повика граѓанските новинарки и новинари да продолжат да испраќаат видео и фото содржини, во рамки на натпреварувачките циклуси на конкурсот “Биди граѓански новинар”.

Марија Теговска

Фотографии: Биљана Јордановска, Соња Ефтовска, Атанас Петровски

Tags: гласачко правограѓански новинариГраѓански објективдемократијаизбориМакедонијаМедиумиЦивилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ