• Latest

ЗНМ: Институциите не ги казнуваат насилниците што напаѓаат новинари

January 22, 2018

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЗНМ: Институциите не ги казнуваат насилниците што напаѓаат новинари

January 22, 2018 15:43
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Покрај недостигот на безбедност во работата, новинарите во Македонија работат под исклучително лоши економски услови. Тие имаат мали и нередовни плати, а немаат ниту договори за трајно вработување кое негативно влијае на нивната професионална независност“, стои во Извештајот за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија за 2017 година, кој Здружението на новинарите на Македонија денес го претстави во Клубот на новинарите.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека минатата година во Македонија новинарите беа уценувани, прогонувани, тепани, добиваа смртни закани, се прогласуваа за предавници итн.

„Насилниците физички и вербално ги напаѓаат новинарите затоа што сакаат да ги заплашат и замолкнат со цел јавноста да не дознае за злоупотребите на власта“, истакна тој.

Според извештајот, минатата година во Македонија вкупно се регистрирани 18 напади на новинари, од кои 13 физички и вербални напади, додека останатите се навреди, попречување во работа и уништување на имотот.

Селмани изрази загриженост што Обвинителството досега не покренало ниту едно обвинение пред судовите за насилство против новинарите и говор на омраза. „Неказнети останаа и познатите тројки на ВМРО-ДПМНЕ, кои спроведуваа кампањи на навредување и заплашување на новинари“, истакна Селмани.

Во извештајот е евидентирано дека ниту во медиумското законодавство нема подобрување, бидејќи тоа не е целосно усогласено со најдобрите европски практики.

Ова публикација е изработена во рамки на проектот „Регионалната Платформа на западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност“.

Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Здружението на новинарите на Македонија и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија. ЗНМ е институционален грантист на програмата на ЦИВИКА Мобилитас.

Д.М.


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: безбедностЗНМизвештајнападиновинари
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ